Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
0.00
12.67
1.62/0.00
8.00
2.23
0.28
599.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 4.0
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 4.0

Вардар и Алкалоид одиграа исклучително интересно дерби кое беше решавано во самиот финиш од натпреварот, конечниот резултат беше 26-26, ова е добар резултат за црвено-црните во борбата за шампионската титула.

Алкалоид одлично тргна во мечот, имаше водство од 5-2, но Вардар брзо се созема и со серија од 3-0 изедначи на 5-5. Двете екипи се менуваа во водство, на полувремето се замина со нерешени 12-12. Слично беше и во вториот дел со таа разлика што Вардар отвори подобро, направи предност од 19-15, која Алкалоид брзо ја стигна и израмни на 20-20. Момците на Лазаров беа поблиску до победата, имаа предност од 26-25, Вардар го имаше последниот напад и на неколку секунди до крајот Лазаревски реализираше за израмнување на 26-26. Мартин Серафимов со осум голови беше најефикасен во составот на Алкалоид, Мартин Ивановски постигна пет погодоци, кај Вардар најдобар беше Вуко Борозан со седум голови, Милан Лазаревски даде шест.