Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.
Прес конференција на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.