Претседателот на Ротари Клуб Битола, Пеце Ѓаковски додели благодарници на Општина Битола, Сојузот на ротари клубови на Македонија, НУ Завод и Музеј Битола, АД “Киро Дандаро“ Битола, “Графопром“ Битола, Ротари Клуб Рума за побратимувањето, Милош Прегљ од Ротари Клуб Гросупље и постхумно на Академик Глигор Каневче.-Упатуваме благодарност и до Пошти на Македонија, затоа што ја препознаа и веднаш ја профатија идејата на Ротари клубот Битола, за претставување на пригоден поштенски жиг по повод 90-годишниот јубилеј.