1 (14) ■ вести > свет > политика ■ 14-May 07:38 -> 14-May 14:00
.
.
.
.

Макрон: Франција е подготвена да распореди нуклеарно оружје низ цела Европа

  • Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна

Франција е подготвена да разговара за распоредување на своето нуклеарно оружје во други делови од Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека војната мора да заврши и оти Украина мора да биде во најдобра можна позиција за да отпочне преговори.

2 (26) ■ вести > свет > политика ■ 12-May 11:44 -> 14-May 12:48
.
.
.
.

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

  • Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“

  • СЕ ЧЕКА ПРЕСУДА ЗА АФЕРАТА ФАЈЗЕРГЕЈТ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Судот на ЕУ за тајните пораки за набавка на вакцините против ковид

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.

Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од најголемите предизвици во нејзиниот мандат на чело на главното извршно тело на ЕУ. Судот на правдата на Европската Унија ќе ја донесе својата пресуда во среда за таканаречениот скандал Фајзергејт, кој произлезе од нејзината размена на пораки со извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла, во пресрет на потпишувањето на огромен договор за набавка на вакцина против Ковид.

4 (113) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 07:54 -> 14-May 14:10
.
.
.
.

Врховниот суд ја укина пресудата за Васил Јованов за претходното дело поврзано со дрога – предметот вратен на повторно одлучување

  • Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици

  • Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • Денеска треба да биде изречена пресудата за Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина

Врховниот суд на Македонија ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје со која Васил Јованов беше осуден на три години и 10 месеци затвор за поседување и трговија со наркотични средства, и предметот го врати на повторно одлучување.

Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација со која Васил Јованов беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Денеска треба да биде објавена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова.

5 (119) ■ вести > македонија > политика ■ 12-May 00:04 -> 14-May 13:28
.
.
.
.

Ковачки: Таравари да каже со што е уценет од СДС и ДУИ

  • Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

  • Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата

  • ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, го повика Арбен Таравари јавно да одговори со што е уценет од, како што ги нарече, криминалното дуо СДС и ДУИ.

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

6 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-May 12:16 -> 14-May 14:37
.
.
.
.

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

  • Обвинителството бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Битолскиот суд ги одмрзна, а на барање на Обвинителството повторнo ги блокираше средствата од три милини евра на банкарската сметка на компанијата „Руд Коп“ од Битола за кои постои сомнеж дека се стекнати незаконски.

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластувања од член 353 од Кривичниот законик.

7 (5) ■ вести > македонија ■ 14-May 13:44 -> 14-May 14:11
.
.
.
.

ЕБОР одобри нова петгодишна стратегија за Северна Македонија

  • ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Управниот одбор на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја усвои новата Стратегија за Северна Македонија за претстојните пет години (2025-2030). Од канцеларијата на ЕБОР во Скопје денес беше објавено дека стратегијата се концентрира на клучните приоритети на државата: “Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија”.

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата за Северна Македонија за следните пет години (2025-2030). Канцеларијата на ЕБОР во Скопје денеска соопшти дека стратегијата се фокусира на стратешките приоритети на земјата: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, истакнува дека новата Стратегија ја определува јасната и амбициозна визија на ЕБОР во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија.

Повеќе од
оваа категорија

14 (21) ■ спорт > кошарка > нба ■ 12-May 00:32 -> 14-May 13:46
.
.
.
.

Гилџес-Александер по победата против Денвер: Јокиќ е талентиран, но ова е тимски спорт

  • Јокиќ во најлоша серија во последните седум години

  • (ВИДЕО) Денвер не го искористи одличниот Јокиќ, Оклахома на чекор од финалето на Западот

Најдобриот играч на Оклахома Шеј Гилџес-Александер зборуваше по победата на неговиот тим против Денвер во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

Никола Јокиќ одигра нов натпревар под своите стандарди во плеј-офот од НБА лигата па неговиот Денвер го загуби четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против Оклахома за изедначување на 2-2. Србинот постојано е под притисок во оваа плеј-оф серијата, одбраната на противникот некогаш и ја надминува границата на прекршок, но судиите не го санкционираат што се одразува и на неговата шутерска форма.

Најдобриот тим во НБА лигата по основниот дел од сезоната, Оклахома славеше со 112-105 и поведе со 3-2 во полуфиналето на Западната конференција.

Повеќе од
оваа категорија

27 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ДОСТИГАА НАЈВИСОКО НИВО Инфлацијата се доближи до историскиот просек од 2,6%

  • Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

107 (6) ■ бизнис > економија ■ 13-May 15:28 -> 13-May 16:08
.
.
.
.

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

  • Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.

114 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 13-May 09:40 -> 13-May 13:23
.
.
.
.

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

  • ALEPH ГО ПРОШИРИ ПАРТНЕРСТВОТО СО SPOTIFY Ќе учествува во глобалната продажба на реклами на повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денеска објави проширено партнерство со кое станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

163 (8) ■ бизнис > економија ■ 12-May 10:46 -> 12-May 18:41
.
.
.
.

ЕКОНОМСКИ РАСТ: Реални се шансите во првиот квартал да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да биде еден од најдобрите во Европа, вели Мицкоски

  • Реални се шансите за економски раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал – Мицкоски на самитот „Македонија 2025“

Врз основа на првичните индикатори, реални се шансите во првиот квартал економскиот раст на државата да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме еден од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје.

Реални се шансите за економскиот раст на државата за првиот квартал, врз основа на првичните индикатори, да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме едни од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од самитот „Македонија 2025“, што се одржува од денеска во Скопје.

172 (7) ■ бизнис > економија ■ 12-May 14:43 -> 12-May 15:55
.
.
.
.

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

  • РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, НО МОЛЧАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ВЕШТИНИ Самитот на Македонија2025 отвори болни прашања за економските реформи

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.