1 (8) ■ вести > македонија ■ 14-May 16:44 -> 14-May 17:17
.
.
.
.

Собранието го изгласа новиот Закон за енергетика

  • Собранието го донесе Законот за енергетика

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата, соопштија од министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Собранието попладнево го донесе Законот за енергетика кој се смета за еден од поважните закони со кој се врши усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката.

5 (115) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 07:54 -> 14-May 14:51
.
.
.
.

Семејството на Фросина повика на протест за денеска во 17 часот пред Универзалната сала

  • Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици

  • Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Семејството на трагично починатата Фросина повика на протест денес во 17 часот пред Универзалната сала каде што беше усмртена од страна на Васил Јованов.

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

6 (28) ■ вести > свет > политика ■ 12-May 11:44 -> 14-May 16:20
.
.
.
.

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

  • Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“

  • Урсула фон дер Лајен е прогласена за виновна – аферата „Фајзергејт“ ја тресе Европа

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.

Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл.

Судот на правдата на ЕУ ја прогласи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за одговорна за прикривање информации за договорите за набавка на вакцини против Ковид 19 во периодот 2021-2023 година.

7 (119) ■ вести > македонија > политика ■ 12-May 00:04 -> 14-May 17:26
.
.
.
.

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

  • Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

  • АА: Тоа што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку сме корумпирани

  • Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ.

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател.

Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата.

11 (20) ■ вести > свет ■ 13-May 19:03 -> 14-May 13:40
.
.
.
.

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

  • Трамп ќе се сретне со сирискиот лидер по најавата за укинување на санкциите

  • Трамп ги укинува санкциите врз Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што би претставувало огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара и неговите напори за стабилизирање на земјата разурната од војна.

Повеќе од
оваа категорија

13 (23) ■ спорт > кошарка > нба ■ 12-May 00:32 -> 14-May 16:07
.
.
.
.

Јокиќ залудно брутален со 44 поени кога Денвер Нагетс пак изгуби

  • Јокиќ во најлоша серија во последните седум години

  • Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер го совлада Денвер Нагетс 112:105 во петтиот меч од полуфиналето на Западната конференција и е на праг од пласман во големото финале а ривалот пред амбисот на елиминација.

Никола Јокиќ одигра нов натпревар под своите стандарди во плеј-офот од НБА лигата па неговиот Денвер го загуби четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против Оклахома за изедначување на 2-2. Србинот постојано е под притисок во оваа плеј-оф серијата, одбраната на противникот некогаш и ја надминува границата на прекршок, но судиите не го санкционираат што се одразува и на неговата шутерска форма.

Оклахома го освои Денвер за да израмни на 2-2 во полуфиналниот плеј-оф во НБА-лигата, додека најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната, Кливленд е на само еден пораз од елиминација.

49 (35) ■ спорт > фудбал > бундеслига ■ 12-May 09:44 -> 14-May 14:33
.
.
.
.

Готово: Анчелоти за неполн месец ќе дебитира на клупата на Бразил!

  • Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил

  • Карло Анчелоти нов селектор на Бразил

  • Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, потврдено е од страна на сите инволвирани страни, објави попладнево Фабрицио Романо Информациите се дека повеќе нема никакви дилеми, Анчелоти го избрал и стручниот штаб со кој ќе работи, а сите документи се подготвени за потпис.

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми.

Италијанскиот стручњак, актуелен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација.

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид и ќе го замени Карло Анчелоти, кој наскоро и официјално ќе се збогува од кралскиот клуб и тоа најверојатно без трофеј во оваа 2025 годинa.

Повеќе од
оваа категорија

33 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ДОСТИГАА НАЈВИСОКО НИВО Инфлацијата се доближи до историскиот просек од 2,6%

  • Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

117 (6) ■ бизнис > економија ■ 13-May 15:28 -> 13-May 16:08
.
.
.
.

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

  • Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.

122 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 13-May 09:40 -> 13-May 13:23
.
.
.
.

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

  • ALEPH ГО ПРОШИРИ ПАРТНЕРСТВОТО СО SPOTIFY Ќе учествува во глобалната продажба на реклами на повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денеска објави проширено партнерство со кое станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

170 (8) ■ бизнис > економија ■ 12-May 10:46 -> 12-May 18:41
.
.
.
.

ЕКОНОМСКИ РАСТ: Реални се шансите во првиот квартал да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да биде еден од најдобрите во Европа, вели Мицкоски

  • Реални се шансите за економски раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал – Мицкоски на самитот „Македонија 2025“

Врз основа на првичните индикатори, реални се шансите во првиот квартал економскиот раст на државата да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме еден од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје.

Реални се шансите за економскиот раст на државата за првиот квартал, врз основа на првичните индикатори, да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме едни од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од самитот „Македонија 2025“, што се одржува од денеска во Скопје.

180 (7) ■ бизнис > економија ■ 12-May 14:43 -> 12-May 15:55
.
.
.
.

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

  • РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, НО МОЛЧАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ВЕШТИНИ Самитот на Македонија2025 отвори болни прашања за економските реформи

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.