Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.
Суд на ЕУ ќе пресуди дали шефицата на Европската комисија прекршила закони кога ги избришала СМС-пораките со кои од „Фајзер“ нарачала 1,8 милион дози вакцини против ковид.
Европската комисијата ја зема предвид денешната одлука на Општиот суд на ЕУ во врска со барањето за пристап до документи, во која се оценува дека „требало да даде подетално објаснување во својата одлука дека не ги поседува бараните документи“ и внимателно ќе ја проучи, по што ќе реши за следните чекори, соопшти денеска ЕК. Соопштението претставува реакција на денешната пресуда на Општиот суд дека Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата.