1 (5) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 12:59 -> 15-Jun 17:00
.
.
.
.

Откриени пет гробници на Марковите Кули од времето на Филип Петти и Персеј

  • Прилепските археолози ги доистражуваат уникатините камени гробници на Маркови Кули, не се знае уште колку ги има

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп.

фото: Архива Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп.

2 (34) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 10:06 -> 15-Jun 17:00
.
.
.
.

Алиу: Ќе градиме здравствен систем врз пет столба за поефикасно здравство за граѓаните, Кочани ни е во фокус

  • Кочани ни е во фокусот - ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу

  • Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството во стабилен и политички независен здравствен систем

  • Алиу: Иако не сум доктор, моја обврска е да менаџирам и да создадам систем во здравството

Повредените од трагичниот пожар во кочанската дискотека се во фокусот на здраствените власти.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека деновиве, без камери, ќе оди во посета Кочани.

Новиот министер за здраство Азир Алиу на денешната прес – конференција во Влада рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните.

Новиот министер за здравство Азир Алиу, денеска на прес-конференција рече дека и покрај тоа што не е доктор, негова работа е да менаџира во здравството, и да обезбеди услови и систем со кој на докторите ќе им се овозможи да имаат успешни интервенции.

3 (29) ■ вести > македонија > политика > војна ■ 15-Jun 09:23 -> 15-Jun 15:15
.
.
.
.

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

  • Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран доколку им е потребна конзуларна помош

  • Македонското МНР објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран

Фото: „Нова Македонија“ Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија.

Фото: Маја Јаневска-Илиева Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

4 (6) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 14:31 -> 15-Jun 16:00
.
.
.
.

Митева и Лефков: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

  • Во тек се финалните подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар.

Фото: Принтскрин Во тек се финалните подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржини, со цел да се обезбедат оптимални услови за третман и целосно опоравување на повредените од Кочани, покажува увидот на портпаролката на Владата, Марија Митева и на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кои денеска беа во посета на одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

5 (27) ■ вести > свет ■ 13-Jun 20:00 -> 15-Jun 15:45
.
.
.
.

Трамп ја предводеше парада на армијата: Прослава или „диктаторско однесување“?

  • Пропадна новиот обид на Трамп да ја оспори пресудата за сексуален напад и клевета

  • Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град

Ал Џезира - Доха Повод беше 250-тиот роденден на Армијата на Соединетите Американски Држави и 79-тиот на Трамп.

Поротата од Њујорк ѝ додели на Керол 5 милиони долари отштета во мај 2023 година, откако таа поднесе граѓанска тужба во која тврди дека Трамп сексуално ја нападнал во 1990-тите, а подоцна ја клеветил на социјалните мрежи, нарекувајќи го целиот случај измислица, објави Би-Би-Си. Трамп, кој сега има 78 години, ги негира сите обвинувања.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU). „Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

6 (145) ■ вести > свет > политика > војна ■ 13-Jun 01:30 -> 15-Jun 17:00
.
.
.
.

Трамп до Путин: Конфликтот меѓу Израел и Иран треба да заврши, но исто и твојата војна со Украина

  • Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

  • Иран: Не го нападнавме Израел, но одмаздата ќе дојде во блиска иднина

  • Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади

Трамп до Путин: Конфликтот меѓу Израел и Иран треба да заврши, но исто и твојата војна со Украина 360степени | 14 јуни, 2025 23:08.

Засега борбите меѓу Израел и Иран изгледаат ограничени на двете земји.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.

Иран планира „силно да возврати“ на израелскиот напад започнат утринава врз нуклеарната програма на Иран, изјави ирански безбедносен извор.

7 (13) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Jun 10:35 -> 15-Jun 17:00
.
.
.
.

Ученици учеле под небезбеден покрив без сеизмичка заштита - направена штета од над 200.000 евра

  • Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци

Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Одделението за внатрешни работи Гевгелија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија против пет физички лица и едно правно лице од Скопје, поради сериозни пропусти при реконструкцијата на кровот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје, соопштија од МВР.

13 (11) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 09:55 -> 15-Jun 13:15
.
.
.
.

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

  • Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид

министерство за транспорт Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, соопштија од министерството за транспорт.

Фото: Министерство за транспорт и врски / Илустрација Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршиле вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија