Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него.
На денешен ден, 5 мај, во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.