Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој од 17 до 19 јуни престојува во официјална посета на Република Азербејџан, денеска имаше средба со неговата домаќинка - претседателката на азербејџанското Национално собрание, Сахиба Гафарова.
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка.
Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година, претседателот Гаши ја оствари на покана на претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова, а Делегацијата ја сочинуваат пратеникот Петар Марков, кој е и претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Азербејџан; пратеничката Имрлије Салиу Фетаи, членка на групата; како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.