1 (10) ■ вести > македонија ■ 17-Jun 05:09 -> 17-Jun 11:00
.
.
.
.

Седум години од Преспанскиот договор

  • Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, пред точно седум години, во селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро, од грчката страна, беше потпишан Договорот од Преспа – историски чин што означи крај на деценискиот спор за името меѓу Скопје и Атина.

Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

3 (26) ■ вести > македонија ■ 16-Jun 07:13 -> 17-Jun 10:15
.
.
.
.

По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

  • Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и Струга

  • Почувствувани нови земјотреси во Охрид и околината

Фото: Пиксабеј Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер синоќа по полноќ го погоди охридскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

4 (23) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 16-Jun 07:26 -> 17-Jun 10:13
.
.
.
.

Македонска Влада: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

  • Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

  • МОН-Македонија: Ќе бидат доделени 1570 стипендии за ученици во дуално образование

НасловнаМакедонијаМакедонска Влада: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование You cannot print contents of this website.

Како резултат на заложбите на Владата и Министерството за образование и наука за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември.

Министерството за образование и наука во Република Македонија најавува дека ќе додели најголем број стипендии досега за дуално образование.„За таа цел, Министерството за образование и наука ќе додели најголем број стипендии за дуално образование досега за претстојната академска 2025/2026 година, односно 1570 стипендии за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.“Фактот дека инвестираме во дуално образование и ги стимулираме компаниите за нивно поголемо вклучување, го покажува и фактот дека над 550 компании оваа година ќе бидат директно вклучени во практична обука за студенти кои ќе се запишат во дуални часови.

5 (168) ■ вести > свет > нба ■ 15-Jun 05:13 -> 17-Jun 10:45
.
.
.
.

Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден

  • Лидерите на Г7 се собираат во Канада во сенка на израелско-иранскиот конфликт

  • Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

  • Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.

Светските лидери пристигнуваат во Канада заради учество на Самитот на Групата седум (Г7) во одморалиштето Кананаскис, Алберта.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

Фото: Принтскрин / Фејсбук / Бенjамин Нетанјаху Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

91 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Jun 17:20 -> 16-Jun 22:30
.
.
.
.

Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

  • БОЖИНОВСКА: Законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.