1 (65) ■ вести > македонија > скопје > вмро-дпмне ■ 04-Jul 12:21 -> 06-Jul 19:00
.
.
.
.

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

  • Орце Ѓорѓиевски е кандидат за ГРАДОНАЧАЛНИК на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

  • Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот

  • Ѓорѓиевски: Демографските предизвици бараат општествена мобилизација

Соопштение на СДСМ: Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје е актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска зеде учество на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во координација со националниот координатор Владимир Ѓорчев.

3 (89) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 04-Jul 09:44 -> 06-Jul 18:45
.
.
.
.

Мицкоски: „Нема да има данок за самци, сакав да го свртам вниманието дека има мал број на новородени и дека Македонија умира“

  • Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети

  • СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите - Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

  • Институциите и општините за 5 дена да одговорат на барањата на граѓаните - Мицкоски најави владина реформа во администрацијата

Самците можат да здивнат, никој нема да ги удри по џебот.

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени.

Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место.

4 (20) ■ вести > македонија > хроника ■ 06-Jul 14:31 -> 06-Jul 19:02
.
.
.
.

📸 Хеликоптер на МВР веќе интервенира на пожарот кај патот за ГП Блаце

  • Пожар кај граничниот премин Блаце, се бара воздушна поддршка

  • Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично

Хеликоптер на МВР веќе е активен и учествува во гаснењето на големиот пожар што попладнево изби од десната страна на патот Скопје – ГП Блаце, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). По пријавата на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, ЦУК упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи.

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума.

Добивај вести на Viber Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е активиран во гаснење на пожарот што избувна покрај патот кон граничниот премин Блаце, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.- Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце - објави ЦУК споделувајќи фотографии и од директорот Мухамед Али кој од терен ја координира акцијата за справување со пожарот.

5 (20) ■ вести > свет > путин ■ 04-Jul 21:30 -> 06-Jul 19:30
.
.
.
.

Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • БРИКС ЌЕ ОСНОВА ФОНД: Дали Путин добива свој ММФ?

Фото: ЕПА Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир – изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој ќе земат учество претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери.

Добивај вести на Viber Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, изјави дека Москва ја поддржува иницијативата на Бразил за формирање гарантен фонд во рамките на БРИКС со цел зголемување на инвестициите и намалување на финансиските трошоци.

7 (35) ■ вести > свет > израел > војна ■ 04-Jul 08:30 -> 06-Jul 19:15
.
.
.
.

Убиени 33 Палестинци во најновите израелски напади во Газа

  • Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

  • Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

  • Најмалку 33 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Во израелските воздушни напади врз појасот Газа во последните 24 часа биле убиени 33 Палестинци, соопштија вработени во локалните болници.

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.

Дваесет луѓе загинаа, а 25 се повредени при напад врз две куќи во градот Газа.

12 (27) ■ вести > свет > сад ■ 05-Jul 19:42 -> 06-Jul 17:45
.
.
.
.

Маск формира нова политичка партија во САД

  • Елон Маск најавува формирање политичка партија: Крај на двопартискиот систем на демократи и републиканци?

  • Парите не можат да купат сè: Дали Американската партија на Маск е осудена на неуспех?

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.

Контроверзниот бизнисмен и сопственик на SpaceX, Елон Маск, не ги крие своите политички амбиции откако администрацијата на Трамп дојде на власт, а по несогласувањето со Доналд Трамп, го напушти својот тим.

Милијардерот Илон Маск официјално основаше нова политичка партија во Соединетите Американски Држави, нарекувајќи ја Американска партија.

14 (33) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Jul 11:38 -> 06-Jul 17:57
.
.
.
.

Најголемиот концерт во хрватската историја: Томпсон - пејачот со усташка репутација продал 450.000 билети

  • Почна концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб - до 19 часот влегле 215.000 лица!

  • Преполни автобуси и возови од цела Хрватска пристигнаа во Загреб поради концертот на Томпсон

  • Вучиќ: Концертот на Томпсон е поддршка за усташките вредности, а Европа молчи

Стотици илјади луѓе се собраа синоќа на Загребскиот хиподром за да присуствуваат на концертот на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон, за кој организаторите тврдат дека е најголемиот концерт што некогаш се одржал со платени влезници во светот, објави Ројтерс за големиот концерт во Загреб.

Концертот на Загрепскиот хиподром започна.

Јавува Трн.мк Денеска на Хиподромот во Загреб ќе се одржи концерт на Марко Перковиќ Томпсон, за кој, според организаторите, се продадени околу половина милион билети.

НасловнаБалканВучиќ: Концертот на Томпсон е поддршка за усташките вредности, а Европа молчи You cannot print contents of this website.

17 (26) ■ вести > македонија > хроника ■ 05-Jul 10:57 -> 06-Jul 11:52
.
.
.
.

Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

  • ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет

  • Три активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.

На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Македонија има три активни пожари.

Повеќе од
оваа категорија

10 (31) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:10 -> 06-Jul 17:18
.
.
.
.

Во Баерн се свесни: Повредата на Мусиала е голем удар за нас!

  • Страшна повреда на Мусиала во европското дерби, Донарума заплака! (ВИДЕО)

  • Точка

  • ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Мусиала се врати од пауза поради повреда и требаше да биде еден од главните играчи на Баерн Минхен во новата сезона, ја доби и десетката.

На Светското клупско првенство во тек е големото европско дерби меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, но фудбалот падна во втор план откако на самиот крај од првото полувреме дојде тешка повреда на Џамал Мусиала.

Младата ѕвезда на Баерн заработи фрактура на зглобот и сигурно ќе биде во аут со месеци, па иако добар дел од вината му се препишува на италијанскиот чувар на мрежата, мора да се нагласи дека Донарума немаше никаква намера да направи штета во дадената ситуација.

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.

15 (95) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 04-Jul 02:28 -> 06-Jul 15:00
.
.
.
.

Зошто Роналдо не беше на погребот на Жота?

  • Ливерпул ќе го повлече бројот 20

  • Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

  • Погребот на Жота и неговиот брат ќе се одржи в сабота!

Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари.

Фудбалскиот клуб Ливерпул е завиен во црно, по смртта на португалскиот напаѓач Диого Жота.

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот.

Браќата Диого Жота и Андре Силва загинаа во Шпанија, откако загубиле контрола врз нивното возило, а нивниот погреб ќе се одржи в сабота во Гондомар, во близина на Порто.

Повеќе од
оваа категорија

382 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

37 (2) ■ магазин > рецепти ■ 06-Jul 17:45 -> 06-Jul 18:57
.
.
.
.

▷ Древниот рецепт за ЧОКОЛАДНА ТОРАТ од тенџере е познат по својата ЕДНОСТАВНА подготовка - без филување, брза и лесна за правење, а уште побрза и полесна за јадење

  • Древниот рецепт за ЧОКОЛАДНА ТОРАТ од тенџере е познат по својата ЕДНОСТАВНА подготовка - без филување, брза и лесна за правење, а уште побрза и полесна за јадење - popara.mk

Ако сакате да го доживеете вистинскиот, старински вкус на чоколадото во најдобро издание, овој рецепт е направен за вас.СостојкиКора2 јајца10 лажици шеќер1 ванилин шеќер10 лажици вода12 лажици брашно1 лажица какаоПоловина прашок за пецивоСе печат две кори, кои се сечат на половина за да се добијат вкупно 4 кори.Фил1 литар млеко200 г шеќер200 г чоколадо за готвење250 г маргарин250 г мелени оревиГлазура:120 г млечно чоколадо80 мл шлагПодготовка: Пронајдете не на следниве мрежи:.

Ако сакате да го доживеете вистинскиот, старински вкус на чоколадото во најдобро издание, овој рецепт е направен за вас.

68 (5) ■ сцена > занимливости ■ 04-Jul 15:45 -> 06-Jul 15:50
.
.
.
.

Ја оставил 54 години помладата жена дома, за да се бакнува со некоја уште помлада? Ал Пачино (85) фатен како разменува нежности со новинарка, никој не го очекуваше ова? - popara.mk

  • 85-годишниот актер виден како бакнува девојка од 28 години: И никој веќе не го смета тоа за ненормално

Трикот за длабинско чистење на теписи Холивудскиот актер Ал Пачино (85), откако раскина со 31-годишната Нур Алфалах, беше виден на приватна вечера во Рим во друштво на 28-годишната новинарка Катерина Ди Терлици.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм Папараците го уловиле актерот Ал Пачино на интимна вечера со новинарката Катарина која е 57 години помлада од него Славниот холивудски актер Ал Пачино бил виден во друштво на 57 години помладата новинарка Катарина ди Терлици, со која бил на интимна вечера.

355 (5) ■ сцена > култура ■ 04-Jul 08:45 -> 05-Jul 10:05
.
.
.
.

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

  • „Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.