1 (7) ■ сцена > здравје ■ 20-May 12:24 -> 20-May 15:30
.
.
.
.

Болницата во Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените во „Пулс“

  • Треба да се охрабрат пациентите да се јавуваат кај психијатар и психолог, таква помош им е потребна на сите, и на здравствените работници, вели директорката на кочанската болница - Република

Првиот тим од лекари специјалисти од Скопје, како што претходно беше најавено од Министерството за здравство, денеска дојдоа на помош на своите колеги во Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе ја спроведуваат евалуацијата на здравствената состојба на повредените од пожарот во клубот „Пулс“, за да се утврдат потребите за лекување и помагала.

4 (6) ■ вести > македонија ■ 20-May 12:05 -> 20-May 15:15
.
.
.
.

Меѓусебни обвинувања на поранешниот и сегашниот министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство за лоши политики и мерки

  • Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница ја обвини Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека нема нови мерки и програми во земјоделството, дека тие не се објавуваат навреме, како и оти нема нити еден реформски закон од оваа област.

„Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку ова е констатација низ бројките кои што ги наследивме според сите статистики кои што говорат за вашето владеење“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при одговарање на пратеничкото прашање на Љупчо Николовски.

6 (6) ■ вести > македонија ■ 20-May 11:43 -> 20-May 14:45
.
.
.
.

Уставниот суд е во потрага по решение за учество на независните кандидати на изборите

  • Костадиновски: Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби

Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

9 (5) ■ вести > македонија ■ 20-May 12:41 -> 20-May 15:30
.
.
.
.

Мицкоски од Делчево: Важно е да се гради насекаде, независно од која политичка партија е градоначалникот

  • Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево, каде присуствуваше на увид во градежните активности за реконструкција на улици во населбата Ново Делчево, изрази жалење што на настанот не е присутен градоначалникот на Делчево кој е од редовите на СДСМ.

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа, а тоа е кои се проектите коишто се финансирани од страна на буџетот и во првиот, но и потенцијалните коишто ќе бидат финансирани од вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, тоа го кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за локална самоуправа, рече Мицкоски.

Повеќе од
оваа категорија

17 (62) ■ спорт > македонија ■ 18-May 06:09 -> 18-May 22:15
.
.
.
.

Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации

  • Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • АЛКАЛОИД ВОДИ НА ПОЛУВРЕМЕ ВО АТИНА Два гола предност за македонскиот тим на Европскиот куп

  • Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

АЛКАЛОИД ВОДИ НА ПОЛУВРЕМЕ ВО АТИНА Два гола предност за македонскиот тим на Европскиот куп Грчкиот тим го отвори натпреварот со водство од 2-0, но Алкалоид брзо ги консолидираше редовите и со серија од 3-0 го презеде водството кое го одржуваше до 20 минута.

Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим.

Повеќе од
оваа категорија

13 (4) ■ бизнис > македонија ■ 20-May 13:15 -> 20-May 15:30
.
.
.
.

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

  • МИЦКОСКИ ОПТИМИСТ ДЕКА ГОДИНАВА ЌЕ ЗАВРШИ СО РАСТ ОД НАД 3,5% Расте индустриското производство ама и бројот на туристи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст на Македонија, изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти како и на зголемена потрошувачка, што е резултат на порастот на платите.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со проекциите на Европската комисија и економскиот раст на Македонија, изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти, како и на зголемена потрошувачка, што е резултат на порастот на платите.

16 (27) ■ бизнис > економија ■ 19-May 18:26 -> 20-May 14:52
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Новиот стратешки договор носи проектно и поевтино финансирање

  • Како ќе се одредат британските фирми што ќе ги градат брзата пруга за Солун и болниците во Штип и Кичево?

  • Првиот инвестициски циклус од британскиот заем ќе изнесува 2,2 милијарди евра и ќе трае пет години - вели Димитриеска-Кочоска

Новиот инвестициски циклус, кој ќе биде поддржан преку стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го носи проектнотo финансирање во нашата земја и реализација на проекти како во сите други европски земји.

Изборот на фирми од Обединетото Кралство што ќе ги градат брзата пруга од Табановце до Гевгелија и неколкуте болници ќе се прави врз основа на Законот за јавни набавки, кој има јасни одредби што се случува при вакви договори „влада со влада“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тоа, додава таа, значи дека нема да има само една, туку повеќе понуди.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството, во износ од околу 2,2 милијарди евра.

74 (5) ■ бизнис > економија ■ 19-May 16:00 -> 19-May 20:00
.
.
.
.

ЕК за 2025 предвидува раст на македонската економија и платите и пад на инфлацијата

  • ЕК предвидува благ раст на европската економија и натамошно намалување на инфлацијата

Растот на македонскиот БДП се предвидува постепено да забрзува во 2025 година, поддржан од големите јавни инфраструктурни проекти и зголемената потрошувачка на домаќинствата, како резултат на силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата, се наведува во Економската прогноза „Пролет 2025“ на Европската комисија во делот посветен на земјава.

Економијата на ЕУ ја почна 2025 година на нешто посилна основа од очекуваното, но стапката на раст оваа година се предвидува дека продолжи да бележи скромно зголемување, по што и покрај растечката несигурност во глобалната политика и трговските тензии, таа се очекува да забрза во 2026 година, се наведува во пролетната Прогноза на Европската комисија објавена денеска.