Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше решен деценискиот спор за името помеѓу Македонија и Грција.„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, сè повеќе се радувам што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји — Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и светот, дека и најтешките прашања меѓу држави можат да се решат по дипломатски пат,“ напиша Заев во пораката.
Добивај вести на Viber Богдан Илиевски, кого македонската јавност го знае како Бетмен велит објави видео од Втората меѓународна конференција за демократија и социјална правда, организирана од Институтот „Алексис Ципрас“, на која учествуваа токму поранешниот грчки премиер Ципрас и поранешниот македонски премиер Зоран Заев.