Фото: Пиксабеј Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид – Струга, 102 км југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.