1 (64) ■ вести > македонија > скопје > вмро-дпмне ■ 06-Jul 12:30 -> 07-Jul 07:30
.
.
.
.

„Ќе го воскреснам Скопје“ - Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

  • Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

  • Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот

  • СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Орце Ѓорѓиевски влегува во трката за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје.

Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.

Од неговата програма има реализирано само 20%, со што е убедливо најлошиот градоначалник во Скопје.

2 (47) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 05-Jul 06:38 -> 06-Jul 21:02
.
.
.
.

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети, сите погрешно ја разбраа мојата иницијатива

  • Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано, вели Мицкоски

  • Мицкоски се премисли, нема данок за немажени

  • Нема да има даноци за самци, само иницирав дебата, се извини Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, при новинарсто прашање беше прашан за новите предлог даноци коишто би биле за немажени и неженети граѓани, доведе до големи прашања од сите граѓани Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана од сите.

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, наласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да има воведување на посебен данок за немажени и неженети лица, како што претходно беше најавено.

„Се извинувам ако некој погрешно ме разбрал, нема никакви даноци“, вака премиерот Христијан Мицкоски го дообјасни своето претходно јавно појавување кога кажа дека размислуваат за воведување на даноци за немажени и неженети.

3 (52) ■ вести > свет > сад ■ 05-Jul 04:44 -> 07-Jul 07:30
.
.
.
.

Илон Маск: Основав нова партија

  • Трамп: Потпишани писма за царини упатени до 12 земји, ќе бидат испратени во понеделник

  • Парите не можат да купат сè: Дали Американската партија на Маск е осудена на неуспех?

  • Продолжува судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името Американска партија, еден ден откако на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) спроведе анкета меѓу своите следбеници за потребата од нова политичка опција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишал писма до 12 земји во кои се наведени различните нивоа на царини што ќе ги соочат за стоките што ги извезуваат во САД, а понудите „земи или остави“ ќе бидат испратени во понеделник.

Милијардерот Илон Маск официјално основаше нова политичка партија во Соединетите Американски Држави, нарекувајќи ја Американска партија.

Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.

4 (66) ■ вести > македонија > политика > мвр ■ 05-Jul 07:59 -> 06-Jul 12:45
.
.
.
.

Ние не сме Европјани само „декларативно“ вели првиот пендрак Тошковски. Истражувале дали има дивоградби во Чаир? !

  • Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

  • Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

  • Не молчевме за корупцијата, а чистевме и во сопствениот двор - Тошковски за сработеното во досегашниот мандат

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

Од целосно нефункционален систем и изгубена доверба во полицијата, до бројки што покажуваат дека правдата и сигурноста им се враќаат на граѓаните – Во отчетот по повод една година Влада, од Министерството за внатрешни работи посочија дека ја завршиле првата година со темелни реформи.

5 (21) ■ вести > свет > путин ■ 06-Jul 06:17 -> 07-Jul 04:16
.
.
.
.

Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • Путин на самитот на БРИКС: Светот доживува радикални промени, униполарниот систем е минато

Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на земји-членки и на земји-партнетри.

Светот доживува радикални промени, либералниот модел на глобализација е застарен, а униполарниот систем на меѓународни односи е минато, оцени рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето преку видеоконференциска врска на самитот на БРИКС што започна денеска во Рио де Жанеиро.

8 (26) ■ вести > свет > израел > војна ■ 05-Jul 08:07 -> 07-Jul 05:15
.
.
.
.

Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

  • Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

  • Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.

Лекарите во Газа предупредија дека стотици бебиња се изложени на ризик од смрт поради критичен недостиг на млеко за бебиња, бидејќи Израел продолжува да ја ограничува хуманитарната помош што може да влезе во опколениот појас, пишува Гардијан.

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

13 (11) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 06-Jul 18:04 -> 07-Jul 04:06
.
.
.
.

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

  • ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.

16 (22) ■ вести > македонија > хроника ■ 05-Jul 10:57 -> 06-Jul 11:52
.
.
.
.

Три активни пожари во Македонија

  • Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

  • ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Македонија има три активни пожари.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.

Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и пожар во ниска вегетација во општина Велес.

Повеќе од
оваа категорија

29 (30) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 05-Jul 01:09 -> 06-Jul 14:45
.
.
.
.

Луис Дијаз подобро да не се враќа во Ливерпул, наместо на погреб, се забавуваше (Видео)

  • Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

  • Со венци во форма на дресови соиграчите од Ливерпул се простија од Диого Жота и Андре Силва

  • Погребан Диого Жота, бројни соиграчи на последното збогување

Додека целиот фудбалски свет жали по Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва кои беа погребани вчера откако загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Шпанија, а повеќето играчи на Ливерпул присуствуваа на погребот на нивниот соиграч, Луис Дијаз кој не беше меѓу нив, покажа дека нема никаква емпатија, ниту дека жали.

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на загинатиот Диогу Жота на неговото семејство.

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.

Фудбалери на Ливерпул и на португалската репрезентација се собраа денеска во португалското гратче Гондомар на погребот на нивниот соиграч Диого Жота, кој загина заедно со својот помлад брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија во четвртокот.

Повеќе од
оваа категорија