1 (39) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 14:24
.
.
.
.

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Родителите на Фросина бараат најстрога казна: Фросинче беше убиена!

  • Судење за Фросина: Васил пред сообраќајката поминал и на две полни ленти

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

На денешното рочиште за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, накратко се обратија и родителите на девојчето.

Пред трагедијата возел цик-цак, поминал на две полни ленти – со ова ќе се докажува дека возачот кој ја усмрти Кулакова тоа го сторил со умисла Обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова која поминуваше на пешачки премин – тоа го сторил со умисла.

3 (40) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 22:31 -> 09-May 11:24
.
.
.
.

КРАЈ НА ПОТРАГАТА - уапсен е напаѓачот кој синоќа пукаше и уби странски државјанин во Штип

  • И НАПАЃАЧОТ И ЖРТВАТА ОД ШТИП СЕ СТРАНЦИ: Обвинителство излезе со детали за пукањето во Штип

  • (ВИДЕО) МВР: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

Лицето кое вчера пукаше во странски државјанин во кафуле во Штип, при што смртно го рани, денеска е уапсено, соопшти Обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

МВР информира дека синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

8 (93) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 09-May 13:53
.
.
.
.

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Филипче: Прашање на време е кога ќе се распадне владината коалиција

  • Филипче: Не е наша работа случувањата во владината коалиција, ние се спремаме за претстојните избори

  • Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Владината коалиција е осудена на неуспех и прашање на време е кога ќе се распадне, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во пресрет на локалните избори наесен во Северна Македонија,а по бранувањата во владините редови и напуштањето на коалицијата Вреди на министерот за здравство, Арбен Таравари.

Прашање на време е кога целата коалиција ќе се распадне, очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии во таа коалиција, оцени претседателот на СДСМ Венко Филипче за случувањата во владината коалиција по превирањето од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

124 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.

125 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.