Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, додека одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, осудени на доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, најавија жалби за осудителната пресуда.
Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај што ја потресе целата јавност.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска по пресуата даде изјава во која најави жалба на ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања Ѓорчевска,. Таа истакна дека иако немале докази „во форма каква што би посакале“, обвинителството смета дека изјавите на обвинетите се доволни како доказен материјал.