Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е одобрено 24-часовно обезбедување за скопската градоначалничка Данела Арсовска по вчерашниот инцидент во скопски Чаир кога таа беше вербално и физички нападната.
Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество, велат од Општината.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на локација во скопската општина Чаир, врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска околу пладне била физички нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир.