1 (38) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 01:31 -> 21-Jun 17:45
.
.
.
.

Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

  • СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

  • СЕ СОМНЕВАМЕ НА САБОТАЖА ВО РЕК, МВР го испитува случајот

  • АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Васко Ковачевски избега од државата поради криминал од невидени размери во РЕК Битола, а тој беше поставен од СДС на таа функција како нивен член, се наведува во реакцијата на прес конференција на СДСМ.

РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.

4 (107) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 02:33 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Нема притвор за носачот на ранецот на Палчо, туку одземен пасош и мерки на претпазливост

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски - чувствувам срам и душевна болка“

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

По распитот во полиција, судот ги прифатил предлозите на Обвинителството и на Зоран Давитков му одреди мерки на претпазливост додека трае истрагата, а згора на тоа му го одзеде и пасошот.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

7 (15) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 13:24 -> 21-Jun 18:07
.
.
.
.

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

  • Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе се пушти за сообраќај, Николоски и Трајановски извршија увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Добивај вести на Viber Ве информираме дека од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево -Охрид, соопштија од министерството за транспорт и врски.„По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.

Министерство за транспорт Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево-Охрид.

9 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 19:00
.
.
.
.

Вештачката интелигенција влегува во македонското образование, најави Јаневска

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

  • Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека се планира да се воведе вештачка интелигенција во македонското образование.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

10 (87) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 00:40 -> 21-Jun 14:30
.
.
.
.

ПРИСТИГНА ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА СДСМ ОД ВМРО-ДПМНЕ: „Синоним за неспособност и послушност кон Заев“

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

Добивај вести на Viber Откако вчера беа објавени имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ со своја оценка за истите.„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.

Ова не се кандидати на партиската база на СДСМ, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

13 (100) ■ вести > свет > еу ■ 19-Jun 01:00 -> 21-Jun 17:42
.
.
.
.

Иран и Израел извршија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

  • Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Бела куќа: Трамп ќе донесе одлука за Иран „во следните две недели“

Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс.

Изворите велат дека се во тек дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева утре.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе одлучи дали да го нападне Иран во следните две недели поради „значителни“ шанси за преговори.

14 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 11:31 -> 21-Jun 16:30
.
.
.
.

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

  • Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава!

Добивај вести на Viber Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.-Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук.

На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.

18 (6) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 21-Jun 12:21 -> 21-Jun 18:17
.
.
.

Кривична за началник од Кисела Вода, при претрес најдени муниција и солзавци

  • Еве за што е уапсен началникот за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода - тргувал со муниција и солзавци!

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради сомнежи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

170 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

285 (5) ■ сцена > филм ■ 19-Jun 10:07 -> 21-Jun 08:45
.
.
.
.

Од 23 до 30 јуни недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

  • ▷ Недела на франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни, во Кинотеката на Северна Македонија.