1 (47) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 16:33
.
.
.
.

Мора да се цени фактот што Васил ја призна вината, вели адвокатот Дуковски

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Сашо Дуковски, адвокатот на 20-годишниот Васил Јованов, кој на пешачки премин, возејќи без возачка дозвола, смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, по денешното судење, рече дека очекува да се цени тоа што признал вина и изразил најдлабоко каење.

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

3 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 16:23
.
.
.
.

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона

  • Се воведува One Stop систем на преминот Табановце-Прешево

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор меѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во Белград потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево, кој треба да овозможи имплементација на One Stop систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

6 (42) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 22:23 -> 09-May 15:00
.
.
.
.

Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

  • Едно лице е повредено во пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип

  • Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

  • СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД НАПАЃАЧОТ: Полицијата излезе со детали за пукањето во Штип

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР.

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.

За пукањето во Штип, од полицијата соопштија дека вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад е пукано со пиштол при што едно лице е повредено.

7 (8) ■ вести > свет ■ 07-May 10:37 -> 09-May 16:03
.
.
.
.

Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти

  • ТРАМП:Подготвен сум да се сретнам со Си во зависност од разговорите во текот на викендот

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти.

За прв пат откако американскиот претседател Доналд Трамп ја ескалираше трговската војна со Кина со воведување минимална царина од 145 проценти за повеќето стоки од Кина, Трамп изјави дека би бил спремен да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Си-Ен-Ен. „Можеби, да, секако, во зависност од тоа што ќе каже Скот“, одговори Трамп на новинар кој го праша дали ќе разговара со Си откако министерот за финансии Скот Бесант и други американски претставници ќе се сретнат со кинеските претставници овој викенд.

8 (11) ■ вести > македонија ■ 09-May 14:00 -> 09-May 15:06
.
.
.
.

ВИДЕО: За да потсети на голготата на настраданите во Кочани, момче се залепи за бандера во Скопје

  • ВИДЕО: Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Се вратија деца без прсти, дај да им помогнеме!

„Сапорт Кочани“ денеска направи герила акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со цел да допре до оние кои раководат со државата, бидејќи, како што велат тие, донациите се намалуваат, а семејствата на оние кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ имаат потреба од пари за да продолжи лекувањето на децата.

Прво висеше на бандера за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Ваква герила акција се случи на плоштадот „Македонија“ од „Support Kocani“, за да повикаат на свесност кај институциите.

10 (99) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 09-May 15:21
.
.
.
.

ЛИЦЕМЕРНО Е ФИЛИПЧЕ ДА ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Тоа е како да поднесе закон за Модуларната болница или за враќање на името

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Беким Сали: Таравари ни призна дека комуницира со Ахмети, му ја затворивме вратата

  • ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Вреди вели дека Таравари не успеал во пазарот со Ахмети

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани од страна на СДСМ е исмевање на народот во очи, смета Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети, на што тој потврдно ни одговори“, рече Беким Сали од „ВРЕДИ“ во гостување на тв Телма.

Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна, обвинува Вреди во соопштение до јавноста.

15 (7) ■ вести > македонија ■ 09-May 12:09 -> 09-May 14:00
.
.
.
.

Мисајловски: Слободата и правдата не се подарок, туку избор и борба

  • На партизанските гробишта во Бутел одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, придружуван од министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и за правда, Игор Филков, денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта во Бутел во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Со едноминутно молчење во чест на македонските партизани и положување цвеќе пред спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел денеска во Скопје беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

70 (14) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

  • Стопанската комора активно работи на нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот.

129 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.

132 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.