1 (45) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 15:32
.
.
.
.

Мора да се цени фактот што Васил ја призна вината, вели адвокатот Дуковски

  • „Да, виновен сум“: Васил Јованов призна вина за смртта на Фросина Кулакова

  • Родителите на Фросина бараат најстрога казна: Фросинче беше убиена!

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Сашо Дуковски, адвокатот на 20-годишниот Васил Јованов, кој на пешачки премин, возејќи без возачка дозвола, смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, по денешното судење, рече дека очекува да се цени тоа што признал вина и изразил најдлабоко каење.

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

На денешното рочиште за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, накратко се обратија и родителите на девојчето.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

3 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 15:42
.
.
.
.

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување пред летната сезона

  • Македонија и Србија воведуваат заеднички контроли на Табановце-Прешево за побрз проток

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево.

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

4 (11) ■ вести > македонија ■ 09-May 14:00 -> 09-May 15:06
.
.
.
.

ВИДЕО: За да потсети на голготата на настраданите во Кочани, момче се залепи за бандера во Скопје

  • ВИДЕО: Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Се вратија деца без прсти, дај да им помогнеме!

„Сапорт Кочани“ денеска направи герила акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со цел да допре до оние кои раководат со државата, бидејќи, како што велат тие, донациите се намалуваат, а семејствата на оние кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ имаат потреба од пари за да продолжи лекувањето на децата.

Прво висеше на бандера за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Ваква герила акција се случи на плоштадот „Македонија“ од „Support Kocani“, за да повикаат на свесност кај институциите.

6 (42) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 22:23 -> 09-May 15:00
.
.
.
.

Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

  • Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

  • УАПСЕН Е ПИШТОЛЏИЈАТА ОД ШТИП, ПРОНАЈДЕНО И ОРУЖЈЕТО Почина застреланиот 25-годишен студент

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип, извести Основното обвинителство во Штип.

8 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 13:54 -> 09-May 15:25
.
.
.
.

МУЦУНСКИ ВО УКРАИНА: Министерот и дава поддршка на Украина и повика на итен и безусловен прекин на огнот од страна на Русија

  • Муцунски во Украина со министрите на ЕУ

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на ЕУ Каја Калас, престојуваше во еднодневна посета на Лавов, каде учествуваше на Министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за кривични дела од агресијата против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Муцунски, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил единствениот министер од Западен Балкан присутен на настаните.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на Е, Каја Калас, престојуваше во еднодневна посета на Лавов, каде што учествуваше на Министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за злосторствa против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Муцунски беше единствениот министер од Западен Балкан присутен на настаните.

9 (99) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 09-May 15:21
.
.
.
.

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

  • Таравари: Не можеме да седиме на две столици

  • Филипче за колиција со ДУИ и АА: Ќе разговараме со сите политички партии

Соопштение на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење.

Дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, кое е дел од власта, и министер за здравство, Арбен Таравари.

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на претстојните локални избори.

11 (7) ■ вести > македонија ■ 09-May 12:09 -> 09-May 14:00
.
.
.
.

На партизанските гробишта во Бутел одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

  • Висока владина делегација ги одбележаа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со едноминутно молчење во чест на македонските партизани и положување цвеќе пред спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел денеска во Скопје беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, придружуван од министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и за правда, Игор Филков, денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта во Бутел во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Повеќе од
оваа категорија

74 (15) ■ спорт > фудбал ■ 07-May 01:20 -> 07-May 18:30
.
.
.
.

ФК Кожуф: Ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

  • Башкими тврди дека мечот со Кожуф не бил наместен

Фудбалскиот клуб Кожуф преку соопштение на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата по повод натпреварот против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите при резултат 1-1. -Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим.

Голема врева се крена по вчерашниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, одигран во Гевгелија, а кој беше решен со сомнителен гол во 92. минута.

Повеќе од
оваа категорија

86 (13) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 09-May 15:12
.
.
.
.

Рафуна и Азески во Скопје разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

  • Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот.

130 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.

131 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.