Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска.
Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била физички и вербално нападната додека извршувала службени обврски во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на локација во скопската општина Чаир, врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.