1 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 22:35 -> 16-May 09:44
.
.
.
.

МАКЕДОНИЈА Е ВО СОСТОЈБА НА БЛОКИРАНИ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ПОРАДИ СДСМ Милошоски го смета францускиот предлог за стратешка грешка

  • Милошоски обвинува дека СДСМ безусловно прифаќа уставни измени по барање на Бугарија

На вчерашното гостување на Телевизија 24 во емисијата „Анализа” говореше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на самиот почеток дискутираше за вчерашната посета во Македонија од страна на претседателот на Советот на Европска Унија, Антонио Кошта.

Во вечерашното издание на емисијата „24 Анализа“,потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, смета дека вистинска сила во преговорите може да се постигне само доколку двете најголеми политички партии настапат обединето.

2 (8) ■ вести > македонија ■ 16-May 08:28 -> 16-May 09:03
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

  • ▷ Сиљановска Давкова – Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција.

Во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција, нагласи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

10 (53) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 12:46 -> 15-May 17:00
.
.
.
.

Буџетот за одбрана на Македонија над 2 проценти, минимумот од НАТО

  • Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

  • Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес

  • Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Република Македонија се вбројува меѓу државите членки на НАТО кои веќе ги надминуваат нормите за финансиски средства за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти“, рече Мицкоски.

Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец.

Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

13 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 16:05 -> 16-May 09:11
.
.
.
.

ЧЕТВОРИЦА ОД ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ЌЕ ПРЕМИНАТ ВО ВРЕДИ Коалицијата нема да остане со 9 пратеници, тврди Меџити

  • ГАШИ: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • AРБЕН ТАРАВАРИ: Оставката ја поднесувам утре

  • Фетаи му врти грб на Таравари, сакал да остане во владата

Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и на Европскиот фронт, рече вечерва првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

Министерот за здравство Арбен Таравари за вели дека тој ќе ја поднсесе оставката утре.

Во вторник, на 20 мај, ќе се одржи собраниската седница на која министерот за здравство Арбен Таравари и формално ќе се збогува од функцијата, брифира за „Слободен печат“ висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од
оваа категорија

32 (22) ■ спорт > кошарка > нба ■ 14-May 07:36 -> 16-May 09:14
.
.
.
.

Денвер подготвува спектакуларен трејд – еден од најдобрите кошаркари во НБА ќе игра со Јокиќ

  • Шеј Гилџес-Александер: Јокиќ е талентиран, но ова е тимски спорт!

  • (ВИДЕО) Денвер не го искористи одличниот Јокиќ, Оклахома на чекор од финалето на Западот

Кошаркарите на Денвер се на работ на елиминација во плејофот на НБА лигата, моментално губат 3:2 во серијата против Оклахома, и нема сомнение дека испаѓањето во полуфиналето на Запад би било нешто што ќе ги задоволи раководството и навивачите на клубот!

Најдобриот играч на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александар, зборуваше по победата на неговиот тим над Денвер во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

Најдобриот тим во НБА лигата по основниот дел од сезоната, Оклахома славеше со 112-105 и поведе со 3-2 во полуфиналето на Западната конференција.

Повеќе од
оваа категорија

63 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.

168 (5) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи

  • Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

92 (5) ■ магазин > живот ■ 14-May 16:00 -> 15-May 18:50
.
.

Реткиот дијамант „Медитеранско син“ од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

  • Редок син дијамант продаден на наддавање за 19 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.

Голем син брусен дијамант од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа Sotheby’s. Вредноста на дијамантот, наречен „Медитерански син дијамант“, проценета на 20 милиони долари, „предизвика огромен интерес“ кај потенцијалните купувачи, соопшти аукциската куќа Sotheby’s“ во соопштение објавено во вторник вечерта.