1 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 14:00 -> 16-May 14:36
.
.
.
.

Четворица повредени од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, во странство остануваат уште 11 лица

  • Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

2 (16) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 09:53 -> 16-May 14:32
.
.
.
.

Двајца директори осудени за пожарот во тетовската модуларна болница – година и шест месеци затвор

  • Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Основниот суд во Тетово денеска ги осуди поранешните управители на Клиничката болница Тетово, прогласувајќи ги за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година, во кој 14 лица трагично ги загубија своите животи.

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница, кој загинаа 14 лица, а правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно за предизвикување на општа опасност.

4 (26) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 07:00 -> 16-May 14:23
.
.
.
.

Обвинителството со нови докази за убиствата на Вања и Панче

  • Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

  • Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче, ќе се изведуваат дополнителни докази

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка.

Денеска во Основен кривичен суд продолжува судењето за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

6 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 17:52 -> 16-May 14:28
.
.
.
.

Австриската министерка со порака од Скопје: Билатералните прашања да не бидат камен на сопнување на патот кон ЕУ

  • Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје

Сериозни сме во однос на поддршката за државата на патот кон ЕУ. Ние гледаме колку е направено од ваша страна и колку многу чекори се направиле, и сега веќе 20 години поминале оттогаш, и дека сме и ние сега должни да направиме билатералните теми да останат билатерални, а да не се поставуваат како камења на сопнување, порача од Скопје австриската министерка Беате Мајнл-Рајсингер на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски утре ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер.

8 (100) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 07:00 -> 16-May 14:25
.
.
.
.

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

  • ТАРАВАРИ: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

  • ГАШИ: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • Таравари до Мицкоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство

Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците (АА), до премиерот Христијан Мицкоски попладнево поднел неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство.

12 (8) ■ вести > македонија ■ 14-May 17:05 -> 16-May 14:09
.
.
.
.

Национален самит за дигитална, енергетска и безбедна критична инфраструктура

  • Наскоро закон за сајбер безбедност, ќе ја штити целата држава

Во дигиталниот свет податоците се елементарниот приоритет и како такви мора да се третираат со највисоко ниво на доверба и сигурност, а институциите имаат обврска да ги штитат транспарентно, правично и по сите европски стандарди поради што земјава мора да има сопствено решение за справување со сајбер предизвиците, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на Националниот самит за дигитална, енергетска и безбедна критична инфраструктура.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Предлог законот за сајбер безбедност до крајот на месецов да ја помине владината процедура и на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура.

Повеќе од
оваа категорија

59 (26) ■ спорт > кошарка > нба ■ 14-May 07:36 -> 16-May 13:14
.
.
.
.

НБА Топ 5: Вечер на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

  • Јокиќ залудно брутален со 44 поени кога Денвер Нагетс пак изгуби

  • Јокиќ и Мареј ја урнаа Оклахома, Денвер се избори за мајсторка! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беше одигран само натпреварот помеѓу Денвер и Оклахома по кој тимот од Колорадо се избори за ново изедначување на серијата на 3-3. Најубавите потези на вечерта ги одбележа и Никола Јокиќ, српскиот центар кој имаше фантастично додавање до својот соиграч за лесни поени.

Оклахома Сити Тандер го совлада Денвер Нагетс 112:105 во петтиот меч од полуфиналето на Западната конференција и е на праг од пласман во големото финале а ривалот пред амбисот на елиминација.

Денвер со 119-107 ја победи Оклахома во шестиот натпревар од полуфиналната серија на западот и се избори за мајсторка која ќе одлучува за патникот во конференциското финале.

Повеќе од
оваа категорија

106 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.

205 (5) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи

  • Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

132 (5) ■ магазин > живот ■ 14-May 16:00 -> 15-May 18:50
.
.

Реткиот дијамант „Медитеранско син“ од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

  • Редок син дијамант продаден на наддавање за 19 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.

Голем син брусен дијамант од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа Sotheby’s. Вредноста на дијамантот, наречен „Медитерански син дијамант“, проценета на 20 милиони долари, „предизвика огромен интерес“ кај потенцијалните купувачи, соопшти аукциската куќа Sotheby’s“ во соопштение објавено во вторник вечерта.