1 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 14:00 -> 16-May 14:54
.
.
.
.

ЧЕТИРИ ПАЦИЕНТИ КОИ БЕА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАЌААТ ДОМА - меѓу повредените во Кочани уште 11 лица остануваат во установите надвор од земајва

  • Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

Четворица пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кои беа на лекување во странство, се враќаат во Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

5 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 17:52 -> 16-May 15:12
.
.
.
.

Муцунски ја пречека Беате Мајнл-Рајсингер: Австрија е наш близок партнер и најголем инвеститор

  • Австриската министерка со порака од Скопје: Билатералните прашања да не бидат камен на сопнување на патот кон ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски посака добредојде за австриската министерка за европски и меѓународни работи, Беате Мајнл-Рајсингер, во Скопје.

Сериозни сме во однос на поддршката за државата на патот кон ЕУ. Ние гледаме колку е направено од ваша страна и колку многу чекори се направиле, и сега веќе 20 години поминале оттогаш, и дека сме и ние сега должни да направиме билатералните теми да останат билатерални, а да не се поставуваат како камења на сопнување, порача од Скопје австриската министерка Беате Мајнл-Рајсингер на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

7 (9) ■ вести > македонија ■ 14-May 15:45 -> 16-May 15:10
.
.
.
.

Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните

  • О2 Иницијатива: Да се отвори истрага за излевањето од рудникот Тораница во Крива Река и да се испита делувањето на инспекторите

Министерството за локална самоуправа продолжува со успешното спроведување на ИПА програмите за прекугранична соработка, кои значајно придонесуваат за развојот на локалните заедници во повеќе области.

Иницијативата О2 денеска соопшти дека се придружуваат кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изнесени на денешната прес – конференција за кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, на како што наведуваат, голема сива маса која потполно ги заматила Крива Река и реката Тораница.

8 (101) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 07:00 -> 16-May 14:25
.
.
.
.

Меџити: Вреди нема да остане со девет пратеници, уште четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

  • Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

  • Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • Мицкоски: Во периодот што следи ќе номинираме нови имиња по излегувањето на крилото на Таравари

Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, кои излегоа од владината коалиција.

Повеќе од
оваа категорија

61 (27) ■ спорт > кошарка > нба ■ 14-May 07:36 -> 16-May 13:14
.
.
.
.

НБА Топ 5: Вечер на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

  • Јокиќ ја откри тактиката за „мајсторката“ – вака ќе се обиде со Денвер да ја елиминира Оклахома

  • (ВИДЕО) Денвер не го искористи одличниот Јокиќ, Оклахома на чекор од финалето на Западот

Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беше одигран само натпреварот помеѓу Денвер и Оклахома по кој тимот од Колорадо се избори за ново изедначување на серијата на 3-3. Најубавите потези на вечерта ги одбележа и Никола Јокиќ, српскиот центар кој имаше фантастично додавање до својот соиграч за лесни поени.

Никола Јокиќ блескаше, Денвер ја победи Оклахома, и така ќе гледаме седми меч од една од најинтересните серии во плеј-офот на НБА лигата оваа сезона.

Најдобриот тим во НБА лигата по основниот дел од сезоната, Оклахома славеше со 112-105 и поведе со 3-2 во полуфиналето на Западната конференција.

Повеќе од
оваа категорија

115 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.

212 (5) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи

  • Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

140 (5) ■ магазин > живот ■ 14-May 16:00 -> 15-May 18:50
.
.

Реткиот дијамант „Медитеранско син“ од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

  • Редок син дијамант продаден на наддавање за 19 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.

Голем син брусен дијамант од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа Sotheby’s. Вредноста на дијамантот, наречен „Медитерански син дијамант“, проценета на 20 милиони долари, „предизвика огромен интерес“ кај потенцијалните купувачи, соопшти аукциската куќа Sotheby’s“ во соопштение објавено во вторник вечерта.