1 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 09:48 -> 16-May 11:26
.
.
.
.

Обдукцијата доставена до Обвинителството, се чека одлука за смртта на Ведат Адеми

  • Почина откако примил терапија во болницата: Доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Јавното обвинителство информира дека Институтот за судска медицина го доставил обдукцискиот наод за 32-годишниот Ведат Адеми од Куманово, кој почина на 17 март по примена терапија во градската болница.

Од Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово е доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство.

9 (8) ■ вести > македонија ■ 16-May 08:28 -> 16-May 09:03
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

  • ▷ Сиљановска Давкова – Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција.

Во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција, нагласи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

12 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 12:46 -> 16-May 09:42
.
.
.
.

Буџетот за одбрана на Македонија над 2 проценти, минимумот од НАТО

  • Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

  • Кошта порача дека треба да се испорача она што е договорено 2022 година, Мицкоски смета дека таков предлог без гаранции е неприфатлив

  • Кошта: Нема план „Б“, она што е договорено треба да се исполни – Мицкоски: Прво испорака од бугарска страна, па менување на Устав

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Република Македонија се вбројува меѓу државите членки на НАТО кои веќе ги надминуваат нормите за финансиски средства за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти“, рече Мицкоски.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој е во посета на Скопје, се сретна со премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска е во посета на Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

79 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.

177 (5) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи

  • Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

103 (5) ■ магазин > живот ■ 14-May 16:00 -> 15-May 18:50
.
.

Реткиот дијамант „Медитеранско син“ од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

  • Редок син дијамант продаден на наддавање за 19 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.

Голем син брусен дијамант од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа Sotheby’s. Вредноста на дијамантот, наречен „Медитерански син дијамант“, проценета на 20 милиони долари, „предизвика огромен интерес“ кај потенцијалните купувачи, соопшти аукциската куќа Sotheby’s“ во соопштение објавено во вторник вечерта.