1 (102) ■ вести > македонија > политика ■ 13-May 08:02 -> 14-May 23:27
.
.
.
.

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

  • Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

  • ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

  • ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДС се претопи во нивната криминална шема

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

„Таравари да одговори со што е уценет.

2 (116) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 07:54 -> 14-May 21:32
.
.
.
.

СЕМЕЈСТВО КУЛАКОВИ: Излезете со нас на протест за да нема други мајки во црно, за да има правда за Фросина и правда за сите

  • Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • „Судот по вторпат ја уби Фросина“ – семејството повика на нов протест утре пред Универзалната сала

  • Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици

Семејството Кулакови е разочарано до судството, од целиот процес и од дванаесет годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на Партизанска во која смртно ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест утре во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје.

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување.

3 (15) ■ вести > македонија > хроника ■ 14-May 17:44 -> 14-May 19:18
.
.
.
.

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

  • Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани

Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор за екс-министерот Крешник Бектеши и за поранешниот државен секретар во економија, Чекиќ Дуровиќ, а за 18 други е предложено продолжување на претходно определени мерки.

Државното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е доставен предлог до Основниот суд во Кочани со кој за поранешен министер и државен секретар во Министерството за економија се бара замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

4 (24) ■ вести > свет > политика ■ 13-May 15:33 -> 14-May 16:20
.
.
.
.

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

  • Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“

  • Урсула фон дер Лајен е прогласена за виновна – аферата „Фајзергејт“ ја тресе Европа

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Општиот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.

Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл.

Судот на правдата на ЕУ ја прогласи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за одговорна за прикривање информации за договорите за набавка на вакцини против Ковид 19 во периодот 2021-2023 година.

5 (21) ■ вести > свет ■ 13-May 19:03 -> 14-May 16:15
.
.
.
.

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

  • Трамп ќе се сретне со сирискиот лидер по најавата за укинување на санкциите

  • Трамп ги укинува санкциите врз Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што би претставувало огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара и неговите напори за стабилизирање на земјата разурната од војна.

13 (27) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 10:17 -> 13-May 16:33
.
.
.
.

Фрчкоски: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

  • Кривична пријава за Фрчковски – осомничен за злоупотреба на буџетски пари во САД

  • КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ФРЧКОСКИ: Бившиот амбасадор во ОН е осомничен за злоупотреба на 116.000 долари од буџетот на Македонија

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во службата.

Поранешниот шеф на Шеф на Постојаната Мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреби во службата.

На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на службено лице – Шеф на Постојаната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на Инструкција од Министерството за надворешни работи и Мислење од Министерство за финансии.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

49 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ДОСТИГНАА НАЈВИСОКО НИВО Инфлацијата се доближи до историскиот просек од 2,6%

  • Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

114 (7) ■ бизнис > култура ■ 13-May 11:45 -> 13-May 13:35
.
.
.
.

Нова едиција на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине! “ – Вистинските бајки од Македонија за хероите од историјата

  • НОВА ЕДИЦИЈА НА „БРАВО СИНЕ!“ Првите 4 книги се посветени на Блаже Конески, Мајка Тереза, Браќата Манаки и на Марко Цепенков

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

118 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 13-May 09:40 -> 13-May 13:23
.
.
.
.

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

  • ALEPH ГО ПРОШИРИ ПАРТНЕРСТВОТО СО SPOTIFY Ќе учествува во глобалната продажба на реклами на повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денеска објави проширено партнерство со кое станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

119 (6) ■ бизнис > економија ■ 13-May 15:28 -> 13-May 16:08
.
.
.
.

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

  • Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.