Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор за екс-министерот Крешник Бектеши и за поранешниот државен секретар во економија, Чекиќ Дуровиќ, а за 18 други е предложено продолжување на претходно определени мерки.
Државното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е доставен предлог до Основниот суд во Кочани со кој за поранешен министер и државен секретар во Министерството за економија се бара замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.