Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ информираше дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и јавно даде поддршка за нашата држава на патот кон членство во ЕУ. „Со премиерот Христијан Мицкоски разговарав за понатамошната динамика на европскиот пат на Македонија, за претстојниот Извештај на Европскиот парламент за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа.
На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.