1 (16) ■ вести > македонија > регион ■ 17-Jun 10:12 -> 17-Jun 12:30
.
.
.
.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

  • Мицкоски:Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов.

2 (13) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Jun 17:30 -> 17-Jun 12:30
.
.
.
.

Директор на „Комуналец“ во Кичево отворил дива депонија, МВР поднесе кривични пријави

  • Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина

Против директор на „Комуналец“ во Кичево и четворица вработени, поднесена е кривична пријава за несовесно работење во службата и загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од с. Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, по член 230 став 1 и ст.5 и против Б.Б.(49) од с.Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) од Кичево и Ф.Т.(62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ по член 230 став 4. З.Ј. - директор на Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, во периодот од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата, формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи.

6 (172) ■ вести > свет > нба ■ 15-Jun 05:13 -> 17-Jun 10:45
.
.
.
.

Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден

  • Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор

  • Лидерите на Г7 се собираат во Канада во сенка на израелско-иранскиот конфликт

  • Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.

Во разговор со новинарите пред заминувањето за самитот на Г-7 во Канада, Трамп рече дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Израел, но одби да каже дали побарал од земјата да ги прекине нападите врз Иран.

Facebook/ Donald J. Trump Светските лидери пристигнуваат во Канада заради учество на Самитот на Групата седум (Г7) во одморалиштето Кананаскис, Алберта.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

7 (26) ■ вести > македонија ■ 16-Jun 07:13 -> 17-Jun 10:15
.
.
.
.

По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

  • Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и Струга

  • Почувствувани нови земјотреси во Охрид и околината

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер синоќа по полноќ го погоди охридскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

8 (11) ■ вести > македонија ■ 17-Jun 05:09 -> 17-Jun 11:00
.
.
.
.

Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

  • Седум години од Преспанскиот договор

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешен ден, 17 јуни, пред точно седум години, во селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро, од грчката страна, беше потпишан Договорот од Преспа – историски чин што означи крај на деценискиот спор за името меѓу Скопје и Атина.

9 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 16-Jun 07:26 -> 17-Jun 10:13
.
.
.
.

Македонска Влада: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

  • МОН-Македонија: Ќе бидат доделени 1570 стипендии за ученици во дуално образование

  • ПО 3.500 ДЕНАРИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ Ќе бидат доделени 1.570 стипендии

Владата на Северна Македонија вели дека како резултат на напорите на Владата и Министерството за образование и наука за подобрување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за нови ученици во дуално образование почнувајќи од септември.

Министерството за образование и наука во Република Македонија најавува дека ќе додели најголем број стипендии досега за дуално образование.„За таа цел, Министерството за образование и наука ќе додели најголем број стипендии за дуално образование досега за претстојната академска 2025/2026 година, односно 1570 стипендии за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.“Фактот дека инвестираме во дуално образование и ги стимулираме компаниите за нивно поголемо вклучување, го покажува и фактот дека над 550 компании оваа година ќе бидат директно вклучени во практична обука за студенти кои ќе се запишат во дуални часови.

ПО 3.500 ДЕНАРИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ Ќе бидат доделени 1.570 стипендии Стипендиите ќе се доделат за учебната 2025/2026 година, а владата за таа намена издвои повеќе од 800.000 евра.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

106 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Jun 17:20 -> 16-Jun 22:30
.
.
.
.

Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

  • БОЖИНОВСКА: Законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.