1 (26) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jul 09:12 -> 23-Jul 17:13
.
.
.
.

МЗ: Претседателот на Собранието Гаши во стабилна здравствена состојба

  • Африм Гаши доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар

  • Гаши хоспитализиран, имал преплет на цревата

Министерството за здравство попладнево информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ поради претплет на цревата, дознава „Фокус“.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има преплет на цревата и е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

2 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jul 21:54 -> 23-Jul 16:35
.
.
.
.

Грција бара владата да го користи уставното име на земјата

  • Муцунски утре во Атина на средба со грчкиот колега, Гераптеритис

  • Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

Имплементацијата на договорот до Преспа е една од основите за унапредување на евопскиот пат на Македонија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Атина, утре ќе има средба шефот на дипломатијата на Грција, Јоргос Гераптеритис.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

3 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 23-Jul 17:54
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

  • Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.

6 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jul 16:01 -> 23-Jul 17:16
.
.
.
.

Условна затворска казна за вработен во прилепската болница, незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти

  • Осуден вработен во прилепската болница, си присвоил околу 35.000 евра

Условна затворска казна во траење од две години изрече Основниот суд во Прилеп против вработен во прилепската болница кој во периодот од август 2024 до април 2025 година противправно присвоил 2 110 640 денари наплатени од пациенти.

Управата за финансиска полиција ја информира јавноста дека Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, за сторено кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

55 (31) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 21-Jul 14:31 -> 23-Jul 10:15
.
.
.
.

Караламбус: Голманот нѐ спаси од катастрофа, загрижен сум за реваншот!

  • Николов: Шкендија е од Македонија, но јас ќе навивам за ФЦСБ

  • Шкендија и ФЦСБ без голови по првото полувреме на „Тодор Проески“

  • ВИДЕО: Шкендија со џиновска победа патува по историја во Букурешт!

Елиас Караламбус, тренерот на ФЦСБ, се обрати пред медиумите по поразот на неговиот тим од Шкендија (0-1) во Скопје во квалификациите за Лигата на шампионите.

Вечерва се игра првиот меч меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа) во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкендија игра без голови по првото полувреме против романскиот шампион ФЦСБ во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот фудбалски првак Шкендија направи подвиг, дома ја победи романска ФЦСБ (1-0) и на гостински терен во Букурешт ќе игра за историски подвиг.

Повеќе од
оваа категорија

33 (3) ■ сцена > култура ■ 23-Jul 14:08 -> 23-Jul 15:21
.
.
.
.

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм” што ја доделува ДФРМ

  • Кирил Џајковски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

е добитник на годинешната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

227 (3) ■ сцена > култура ■ 22-Jul 10:16 -> 23-Jul 09:33
.
.
.
.

Одбележани 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење во УНЕСКО

  • Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот од впишувањетo на “Гласоечко…”во УНЕСКО

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење од Долни Полог на листата на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталентиран инструменталист што живее и работи во Германија.

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10. години од впишувањетo на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија.