1 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jul 17:32 -> 21-Jul 20:48
.
.
.
.

Меџити: Kандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи живее во дивоградба

  • Меџити не ја исклучува можноста да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје туку само со општината Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ.

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

3 (31) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 19-Jul 15:54 -> 21-Jul 20:38
.
.
.
.

ГАШИ: Треба да има правосилна судска пресуда за да почне постапка за разрешување на Димитровска, претседателката на ДКСК

  • Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

  • ДКСК: Поднесувањето оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка

  • И со обвинета за корупција, претседателка, Антикорупционерите ќе продолжат да гонат корупција иако немаат конкретен став за Димитровска која не оди на работа, а добива плата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Доколку претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска самата не се поднесе оствака, сите патишта за нејзино разрешување водат до Собранието, но дали и кога тоа би се случило останува непознато.

Двете обвиненија за издавање на службена тајна и за злоупотреби при полагање за државна тајна, Антикорупциската комисија ги смета за индивидуална одговорност на се уште активната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска.

4 (5) ■ вести > македонија ■ 21-Jul 19:02 -> 21-Jul 20:56
.
.
.

Пресек на пожари до 18 часот - пожарникарите гасат на седум локации

  • Активни седум пожари, четири се под контрола

До 18:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор низ Северна Македонија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, седум се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација и меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Активни пожари има и во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), општина Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума) и во општина Шуто Оризари, на улица „Брсјачка Буна“ (ниска вегетација). Под контрола се пожарите кај село Николиќ во општина Дојран, во општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, општина Гостивар – село Симница и во општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.

9 (29) ■ вести > македонија ■ 19-Jul 10:00 -> 21-Jul 16:30
.
.
.
.

Со дефиле на 50 делегации започна Европскиот младински олимписки фестивал

  • ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија, Македонија со стил ја пречека Европа

  • ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде отворен во недела со парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечерва започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, вечерва свечено беше отворен најголемиот мултиспортски настан во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025.

Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

79 (2) ■ бизнис > претприемништво ■ 21-Jul 16:13 -> 21-Jul 16:21
.
.
.
.

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

  • ▷ Кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ). Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и го зазеде првото место на ранг-листите на најпопуларни апликации во 140 земји, пренесува „Глобал Тајмс“.

Според извештајот објавен денес од Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ), кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) забележа импресивен раст во изминатата година, достигнувајќи вредност од 700 милијарди јуани (приближно 97,5 милијарди американски долари). Ова претставува континуиран годишен пораст од 20 отсто.

143 (4) ■ сцена > култура ■ 20-Jul 10:58 -> 21-Jul 11:46
.
.
.
.

БЕРЛИН Е СИРОМАШЕН, НО СЕКСИ Во Охрид промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

  • „Берлин, градот што не го засакав на прва“ – наградената дебитантска книга од Енис Хилми промовирана во Охрид

Пред многубројна домашна публика и гости, синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.

Пред многубројна домашна публика и гости, викендов, во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.