Коко Гоф е првата полуфиналистка на ВТА Мастерс турнирот во Рим, откако во фазата на осумте најдобри ја совлада Мира Андреева со 2-0. Американката беше подобра ривалка на теренот во „вечниот град“, ја надигра Русинката и стигна до полуфинале.
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка уште еднаш покажа дека на неа не остави никакви последици политиката и долгогодишната воена агресија на Русија врз Украина, иако често е на мета на противничките на теренот.