1 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 01:31 -> 21-Jun 17:45
.
.
.
.

ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме саботажа, се води истрага

  • СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

  • АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

  • Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

ЕСМ реагира на денешните обвинувања на СДСМ за тендерот за технолошко чистење во РЕК Битола, тврдејќи дека се работи за лаги, а компанијата ги исполнила сите критериуми.„Во врска со континуираните дрски и лажни обвинувања од СДСМ – уништувачите на македонскиот енергетски систем, ја информираме јавноста дека Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.

Прес конференција на Методија Илиевски – потпретседател на СДСМ: Почитувани граѓани, почитувани медиуми, РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.

Васко Ковачевски избега од државата поради криминал од невидени размери во РЕК Битола, а тој беше поставен од СДСМ на таа функција како нивен член, се наведува во реакцијата на прес конференција на СДСМ.

2 (132) ■ вести > свет > еу ■ 19-Jun 01:00 -> 21-Jun 17:42
.
.
.
.

Путин: Го информиравме Израел дека Иран нема намера да се здобие со нуклеарно оружје, фатвата за забрана е важна

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“

  • Путин: Киев мора да ги признае резултатите од референдумот или конфликтот ќе продолжи

НасловнаСветПутин: Го информиравме Израел дека Иран нема намера да се здобие со нуклеарно оружје, фатвата за забрана е важна You cannot print contents of this website.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, соопшти Белата куќа.

Бидејќи ова е она што го нарекуваме демократија, велам дека е потребно Украина да ги признае резултатите од референдумите одржани во четирите познати региони, а тоа мора да се признае како свршен чин, бидејќи ако тоа не се направи, тоа ќе значи дека постои можност за обновен вооружен конфликт, рече Путин во интервју за Скај њуз Арабија.

3 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 11:31 -> 21-Jun 16:30
.
.
.
.

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

  • Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава!

Добивај вести на Viber Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.-Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук.

На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.

6 (22) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 17:30
.
.
.
.

Јаневска: Вештачката интелигенција како следен чекор во дигитализацијата на образованието

  • Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

Во рамките на процесот на дигитална преобразба на образовниот систем, вклучувањето на вештачката интелигенција (ВИ) претставува нареден, природен чекор кој значително ќе го подобри квалитетот, делотворноста и инклузивноста на образованието во нашата држава.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

9 (102) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 02:33 -> 21-Jun 17:30
.
.
.
.

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше посочен oд Велибор Манев како човекот кој го зел ранецот со пиштолот и моторите – клучни докази за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.

10 (87) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 00:40 -> 21-Jun 14:30
.
.
.
.

ПРИСТИГНА ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА СДСМ ОД ВМРО-ДПМНЕ: „Синоним за неспособност и послушност кон Заев“

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

Добивај вести на Viber Откако вчера беа објавени имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ со своја оценка за истите.„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.

Ова не се кандидати на партиската база на СДСМ, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

11 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 02:02 -> 21-Jun 15:15
.
.
.
.

СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот на Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски го штитеше

  • Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална безбедност на Северна Македонија има лажен сертификат за TOEFL од Бугарија

Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот по англиски на директорот на АНБ Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски од скопското обвинителство го штитеше Бојан Христовски за да се заташка скандалот, побара и обвини денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на Северна Македонија, Бојан Христовски, двапати полагал испит по англиски јазик TOEFL, а кодот на тест-центарот каде што го полагал испитот не се совпаѓал со оној на јазичното студиото „Јулија“ во Пловдив, како што тврди самиот, покажува истрагата на БИРН, објави бигарски Фактор.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

156 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

121 (9) ■ сцена > занимливости ■ 20-Jun 00:17 -> 20-Jun 16:00
.
.
.
.

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини

  • Алесандра Амброзио повторно го покажа своето беспрекорно тело, позирајќи во костим за капење

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини од apostolova15:50 - 20 јуни, 202514:37 - 20 јуни, 2025 Алесандра Амбросио објави заводливи фотографија во бикини и за кратко време ги освои социјалните мрежи.

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) позирајќи во костим за капење привлече внимание и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.Имено, манекенката позирала покрај базен во впечатливо розово минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата витка линија.

262 (5) ■ сцена > филм ■ 19-Jun 10:07 -> 21-Jun 08:45
.
.
.
.

Од 23 до 30 јуни недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

  • ▷ Недела на франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни, во Кинотеката на Северна Македонија.