Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола.
Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
Претпладнево се јавив и барав помош за гасење на огнот кој ни е до населените места,ми ветија дека ќе ми се јават и толку,ги нема,изјави вечерва градоначалникот на Чучер Сандево во вклучување на вестите на тв 24, Попладнево свикав вонреедна седница на општинскиот совет и донесовме одлука од Владата да побараме да прогласи вонредна состојба и да побара помош од соседите оти ветрот го распалува и шири огнот а сите сме во паника.
На денешната седница на Општината Чучер Сандево е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба во општината поради пожарите кои беснеат на тоа подрачје веќе два дена.