Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати 11:42, мај 18, 2025 Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.
Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.
Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој имало 277 лица, останал без струја додека капетанот маневрирал во близина на мостот, соопшти њујоршката полиција.