Потпретседателот на Собранието и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, денеска на прес-конференција ја разработи идејата што синоќа во интервју на Канал 5 ја даде премиерот Христијан Мицкоски.
Ако Бугарија тврди дека проблемот на отпочнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во Европскиот Парламент, со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик, рече денеска праетникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.