1 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jul 09:12 -> 25-Jul 14:32
.
.
.
.

Гаши: Се враќам на извршување на моите јавни должности

  • Гаши пуштен на домашно лекување, институционалните активности ќе ги врши согласно медицинските препораки

  • Африм Гаши доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар

  • МЗ: Претседателот на Собранието Гаши во стабилна здравствена состојба

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности.

Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Министерството за здравство попладнево информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

2 (20) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 23-Jul 10:15 -> 25-Jul 13:50
.
.
.
.

Татјана Димитровска поднесе оставка од функцијата претседателка на ДКСК

  • Се очекува претседателката на ДКСК денес да даде оставка

  • Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека денеска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднела оставка од функцијата.

Само неколку денови откако обвинителството поднесе обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, очекувањата се дека таа денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, потврдиле за ТВ Сител извори блиски до ДКСК.

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до претседателот на Собранието, поднесе оставка од нејзината функција.

5 (2) ■ вести > македонија > скопје ■ 25-Jul 14:37 -> 25-Jul 15:00
.
.
.
.

Од вторник изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“

  • ОД ВТОРНИК ЌЕ СЕ ИСПИТУВА СТАТИКАТА НА „ВЛАЈКО“ Седум работни дена ќе има посебен режим на сообраќај

Општина Карпош ја информира јавноста дека во вторник (29.7.2025) година, со почеток во 7.30 часот, ќе почнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае). Поради изведување на стручните мерења, ќе биде воведена привремена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази.

Општина Карпош информира дека во вторник (29.07.2025) година со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае). Поради изведување на стручните мерења, се известуваат сите граѓани дека ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази.

9 (35) ■ вести > свет ■ 24-Jul 07:53 -> 25-Jul 14:00
.
.
.
.

Тајланд одбива меѓународно посредништво за ставање крај на конфликтот со Камбоџа

  • Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница, повредени двајца војници

  • Најмалку 8 лица загинаа во судирите во Тајланд

  • Бројот на жртви во Тајланд се искачи на 11, премиерот на Камбоџа го повика СБ на ОН итно да се состане за да „ја запре агресијата на Тајланд“

Портпаролот на тајландското Министерство за надворешни работи, Никорндеј Баланкура, денеска изјави дека Тајланд ги отфрла посредничките напори на трети земји за ставање крај на тековниот конфликт со Камбоџа.

Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.

Најмалку осум лица загинаа во судирите со Камбоџа денеска, соопшти тајландската полиција.

Најмалку 11 цивили се убиени во нападите на Камбоџа во Тајланд, соопшти тајландското Министерство за здравство, пренесува Си-ен-ен. Камбоџа сè уште не пријавила никакви жртви од своја страна, додека премиерот на Камбоџа го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да свика „итен состанок“ за да „ја запре агресијата на Тајланд“, откако борбите се интензивираа меѓу соседите.

10 (4) ■ вести > македонија ■ 25-Jul 13:28 -> 25-Jul 14:46
.
.
.
.

Левица бара оставка од сите членови на ДКСК

  • ЛЕВИЦА БАРА ОСТАВКА ОД ЦЕЛАТА АНТИКОРУПЦИСКА Потегот на Димитровска е повлечен под јавен притисок, не е морален чин

Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието, реагира Левица.

Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието, реагира Левица.

13 (2) ■ вести > свет ■ 25-Jul 14:33 -> 25-Jul 14:45
.
.

Германија засега не планира признавање на „држава Палестина“

  • „НЕ“ ОД МЕРЦ ЗА НЕЗАВИСНА ПАЛЕСТИНА, МАКРОН СЕ НАДЕВА НА СТАРМЕР Кои европски држави би признале палестинска држава?

Германија не планира на краток рок признавање на независна палестинска држава и наместо тоа ќе продолжи да ја поддржува стратегијата за решение со две држави, соопшти денеска портпаролот на германската Влада во врска со најавата на францускиот претседател дека Франција во септемеври планира да признае независна Палестина.

Германија не планира на краток рок признавање на независна палестинска држава и наместо тоа ќе продолжи да ја поддржува стратегијата за решение со две држави, соопшти денеска портпаролот на германската Влада во врска со најавата на францускиот претседател дека Франција во септемеври планира да признае независна Палестина.

Повеќе од
оваа категорија

54 (36) ■ спорт > фудбал ■ 23-Jul 20:50 -> 25-Jul 11:39
.
.
.
.

Вардар ја победи фаворизираната Лозана

  • Лозана без новиот шпиц од Манчестер Јунајтед го напаѓа Вардар

  • Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник

  • Мато за делириум на „Градски“: Вардар води на полувреме против Лозана (ВИДЕО)

Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1. Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност.

Екипата на Лозана ќе биде следен противник на Вардар во Конференциската лига на УЕФА.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има водство од 1-0 на домашен терен против Лозана во натрпевар од 2. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Повеќе од
оваа категорија

39 (3) ■ бизнис > мои пари ■ 25-Jul 13:07 -> 25-Jul 14:13
.
.
.

ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА НА HUPX Е 136,09 ЕВРА, А НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА Е 145,83 ЕВРА Цената во дневните часови на двете берзи е речиси доближена

  • ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 25.07.2025 изнесува 136,09 евра за мегават час, на МЕМО 145,83 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 25 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 136,09 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 145,83 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 25 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 136,09 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 145,83 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 93,03 евра за мегават час, а на MEMO 94,37 евра.

248 (6) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 24-Jul 11:30
.
.
.
.

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

  • ▷ Просечната нето-плата во мај 45. 796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.

770225636 (7) ■ магазин > здравје ■ 24-Jul 08:36 -> 24-Jul 12:00
.
.
.
.

Истражувачи се поблизу до универзална вакцина против рак

  • Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак

Експериментална mRNA вакцина која ги зајакнува ефектите на постоечките терапии во борбата против ракот ги приближува истражувачите еден чекор поблиску до нивната цел да развијат “универзална вакцина” за “будење” на имунолошкиот систем во борбата против канцерогените клетки.

Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем . Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки.

34 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Jul 12:00 -> 25-Jul 14:25
.
.
.
.

„Мајка“ распродаден за кино дистрибуција во Европа пред својата светска премиера во Венеција

  • „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ја отвора програмата „Хоризонти“ во Венеција

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој ќе ја отвори престижната селекција „Хоризонти“ на годинешниот 81. Венецијански филмски фестивал, веќе е распродаден за кино дистрибуција во над 15 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија, Данска, Шведска, Норвешка, Полска, Чешка, Финска, Белгија и други.

Никола Ристановски ја толкува улогата на отец Фредерик, покрај шведската актерка Номи Рапас („Девојката со тетоважа на змеј“, 2011) во улогата на Мајка Тереза и Силвија Фокс во улогата на сестра Агнешка Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата „Хоризонти“ на првиот натпреварувачки ден на годинашното издание на „Венецискиот филмски фестивал“.

44 (2) ■ сцена > култура ■ 25-Jul 13:00 -> 25-Jul 14:45
.

Пет книги влегоа во потесен избор за наградата Браќа Миладиновци на Струшките вечери на поезијата за 2025

  • ▷ Пет книги влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025

Пет книги влегоа во потесен избор за наградата Браќа Миладиновци на Струшките вечери на поезијата за 2025 година.

Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 година одржан на 18 јули 2025 година По завршување на првата, поединечна фаза на работа, во согласност со Правилникот за наградата, Во текот на првиот дел на состанокот, во согласност со Правилникот, едногласно ја усвои следнава листа на потесен избор од пет поетски книги (наведени по азбучен ред, според презимето на авторот): – „Рубедо“ од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025) – „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024) – „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025) – „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025) – „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски (Скопје: Макавеј, 2025) На конкурсот пристигнаа 37 книги од исто толку автори, кои влегоа во конкуренција.

264 (4) ■ сцена > култура ■ 23-Jul 14:08 -> 25-Jul 11:12
.
.
.
.

Кирил Џајковски добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

  • Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм” што ја доделува ДФРМ

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.