САД и Кина се договорија меѓусебно да ги намалат царинските стапки за 115 отсто на увезените производи за период од 90 дена, изјави денеска во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесент, пренесува „Гардијан“.
САД и Кина се согласија значително да ги намалат царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд.
Aмериканскиот специјален претставник за трговија Џејмисон Грир изјави дека САД и Кина постигнале „договор“ за време на трговските преговори во Швајцарија, при што најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре, пренесе ДПА.
Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Гриер, денес ќе се состанат во Швајцарија со кинескиот вицепремиер Хе Лифен.