АЛКАЛОИД ТРИУМФИРАШЕ ВО АТИНА Пет од пет за Да Силва и шанса за пехар Мартин Сефаримов беше најефикасен со шест гола, а Франциско Да Силва беше прецизен како машина – пет од пет.
Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.
Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.
Ракометарите на Алкалоид во текот на ноќта пристигнаа во главниот град на Грција, Атина на првиот меч против АЕК во финалето во Европскиот Куп.