Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.
ЕКИПА во Атина, Стеван Цаневски Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29. Ниту фанатичната атмосфера на трибините ниту инцидентите што ги направија грчките навивачи не ги исфрлија од ритам избраниците на Лазаров, кои одиграа меч за паметење и заслужено стигнаа до победата.
Ракометарите на РК Алкалоид го одработија официјалниот тренинг во салата на АЕК Атина, каде што утре ќе го играат првиот натпревар од историското прво европско финале во историјата на клубот во рамки од ЕХФ Европскиот Куп.
Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим.