Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници.
Откако денеска протестираше Независниот синдикат на полицијата во Скопје, од Министерството за внатрешни работи(МВР), велат дека секој има право да протестира, а незадоволството не е насочено кон Министерството.