За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ.
Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски денеска на средбата со граѓани, членови и симпатизери во Вевчани и Струга го коментираше повикот на лидерот на СДСМ Венко Филипче до членовите на СДСМ кои ја напуштија партијата да се вратат назад.
Соопштението кое денеска го објави СДСМ е жална мешавина на параноја, невистини и примитивни политички спинови кои повеќе зборуваат за нивната состојба отколку за Движењето ЗНАМ или за претседателот Максим Димитриевски.