1 (4) ■ вести ■ 17-May 14:33 -> 17-May 16:45
.
.

ВИДЕО: Стравичен инцидент пред Ф1-трката на „Имола“!

  • Страшен инцидент на Имола: Болидот на Цунода беше уништен (ВИДЕО)

Возачот на Реде Бул Рејсинг, Јуки Цунода, доживеа страшен инцидент на квалификациите за трката во Имола, која се вози за Големата награда на Емилија-Ромања во Италија.

Возачот на Ред Бул, Јуки Цунода, доживеа сериозна несреќа на самиот почеток од квалификациите за Големата награда на Емилија Ромања, седмата трка од овогодинешната сезона во Формула 1. Јапонецот изгуби контрола над болидот и излета од патеката, а потоа и силно удри во заштитниот ѕид.

2 (62) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 13:44 -> 17-May 15:59
.
.
.
.

БРЗА ПАТНИЧКА И КАРГО ЖЕЛЕЗНИЦА, КЛИНИКИ ВО ШТИП И ВО КИЧЕВО Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство е неповратен чекор кон подобрата иднина

  • Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите

  • МИЦКОСКИ: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

  • Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност.

Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

4 (7) ■ вести > македонија > хроника ■ 17-May 10:30 -> 17-May 14:02
.
.
.
.

Полеале викендичка со бензин и ја запалиле - Уапсени двајца потпалувачи, третиот е во бегство

  • Три лица добија кривична пријава за подметнување пожар во викенд куќа во велешко

Полицијата од Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка и против С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка, С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

6 (46) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 07:00 -> 16-May 18:26
.
.
.
.

Однапред се подготвувале за убиството на Вања: Објавена снимка на која Манев се враќа по лопата

  • Обвинителството тврди дека обвинетите однапред го подготвувале убиство на Вања и Панче

  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

  • Изјави по рочиштето за убиството на Вања и Панче (во живо)

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година, која, како што беше презентирано потекнува од дента кога се случил првиот неуспешен обид за грабнувањето на Вања.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази.

Прашањето за оружјето на обвинетиот Боре Видевски и недостатокот од траги за испукување во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), според неговиот бранител, адвокат Бојан Манев е контрадикторно.

Изјави по денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

8 (67) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 08:03 -> 17-May 07:45
.
.
.
.

Меџити: „ВЛЕН“ нема да остане со девет пратеници, уште четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

  • Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • Меџити: Четворица пратеници од Фронтот ќе ѝ се приклучат на Владата

  • Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – од Вреди потврдија дека позициите на Алијанса остануваат кај нив

Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека политичките случувања во земјава се дури на почетокот и дека промените во парламентарниот состав многу брзо ќе станат видливи.

Оставката на Арбен Таравари од министерската позиција во Здравство, доцна попладнето пристигна во сандачето на претседателот на Владата.

14 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 17-May 09:20 -> 17-May 12:15
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер

  • СИЉАНОВСКА: Да се стави крај на македонскиот маратон кон ЕУ, условен од билатерализацијата и двојните стандарди за членство

Претседателката Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер, министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто беа потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телекомуникациите, банкарството, културата, образованието и други области.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто биле потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телекомуникациите, банкарството, културата, образованието и други области, информира утринава Кабинетот на претседатеката.

15 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 07:00 -> 16-May 09:42
.
.
.
.

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

  • Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

  • Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес

  • Кошта бара да се испорача договореното од 2022, за Мицкоски предлог без гаранции е неприфатлив

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта е во посета на Скопје.

„Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец.

Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството.

Нема простор да се бара повеќе а договореното од 2022 да се испорача – е пораката која претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта ја упати по средбата со премерот Христијан Мицкоски.

Повеќе од
оваа категорија

24 (22) ■ спорт ■ 15-May 14:19 -> 17-May 10:47
.
.
.
.

Лазаров: АЕК има силен ростер и фантастични навивачи - ќе биде тешко, но не и невозможно!

  • Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

  • Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

Ракометарите на Алкалоид в недела ги очекува првиот натпревар од двомечот во битката за трофејот во ЕХФ Европскиот куп, а пред овој натпревар за официјалниот сајт на ЕХФ зборуваше и Кире Лазаров.

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, досега се продадени околу 3.000 карти.

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.

Повеќе од
оваа категорија

128 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.

165 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.