1 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 01:31 -> 21-Jun 16:00
.
.
.
.

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

  • Мицкоски се сомнева на саботажа во РЕК, МВР испитува

  • АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера наутро Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски се исклучи од електроенергетскиот систем поради проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура или опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.

5 (130) ■ вести > свет > еу ■ 19-Jun 01:00 -> 21-Jun 16:15
.
.
.
.

Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ

  • Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“

  • Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

  • Ова е причината зошто Трамп не рече „нападнете го Иран сега“: Ако биде потврден, нема враќање назад?

Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран започнал нов ракетен напад врз Израел.

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, соопшти Белата куќа.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на одбранбените претставници дека би имало смисла САД да започнат напади врз Иран само ако таканаречената бомба „разбивач на бункери“ гарантира дека ќе уништи клучен објект за збогатување ураниум во Фордоу, според луѓе запознаени со разговорите, објави Гардијан .На Трамп му беше кажано дека фрлањето на бомбите GBU-57 , кои тежат 13,6 тони, ефикасно ќе го елиминира Фордо, но тој, според изворите, сè уште не е целосно убеден и засега не ги одобрил нападите , бидејќи чека да види дали заканата од американско вмешување би можела да го принуди Иран да преговара.

6 (21) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 14:55
.
.
.
.

Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

  • МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

7 (101) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 02:33 -> 21-Jun 15:30
.
.
.
.

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Уапсен вработениот во Народна банка, за кого Манев сведочеше дека го земал ранецот со пиштолот со кои Вања и Панче се убиени

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше посочен oд Велибор Манев како човекот кој го зел ранецот со пиштолот и моторите – клучни докази за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

9 (87) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 00:40 -> 21-Jun 14:30
.
.
.
.

ПРИСТИГНА ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА СДСМ ОД ВМРО-ДПМНЕ: „Синоним за неспособност и послушност кон Заев“

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

Добивај вести на Viber Откако вчера беа објавени имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ со своја оценка за истите.„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.

Ова не се кандидати на партиската база на СДСМ, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

10 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 02:02 -> 21-Jun 15:15
.
.
.
.

СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот на Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски го штитеше

  • Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална безбедност на Северна Македонија има лажен сертификат за TOEFL од Бугарија

Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот по англиски на директорот на АНБ Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски од скопското обвинителство го штитеше Бојан Христовски за да се заташка скандалот, побара и обвини денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на Северна Македонија, Бојан Христовски, двапати полагал испит по англиски јазик TOEFL, а кодот на тест-центарот каде што го полагал испитот не се совпаѓал со оној на јазичното студиото „Јулија“ во Пловдив, како што тврди самиот, покажува истрагата на БИРН, објави бигарски Фактор.

16 (10) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 09:56 -> 21-Jun 14:15
.
.
.
.

Детална листа: Во кои средни училишта останаа слободни места за вториот уписен рок?

  • МОН за уписите во средно образование

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година.

Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, кој е објавен во месец март 2025 година, предвидено е во училиштата каде во ранг листата има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа: - за гимназиско образование – мајчин јазик и математика - за здравствена струка – биологија и хемија - за другите струки – мајчин јазик и математика.

Повеќе од
оваа категорија

46 (48) ■ спорт > фудбал ■ 19-Jun 06:27 -> 21-Jun 12:30
.
.
.
.

Мбапе излезе од болница и им се приклучи на соиграчите од Реал Мадрид

  • Реал Мадрид објави нови информации за состојбата на Мбапе

  • (Видео) Боно херој, Ал Хилал го запре Реал

  • Алонсо почна исто како Капело, Мурињо и Бенитес

Килијан Мбапе кој вчера беше хоспитализиран, се врати во тренинг кампот на Реал Мадрид и таму ја продолжува рехабилитацијата.

Реал Мадрид објави нови информации за состојбата на МбапеРеал Мадрид информира дека нивниот напаѓач, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, е пуштен од болницата во Мајами каде што беше примен во четвртокот поради гастроентеритис, кој го доби на Светското клупско првенство што се одвива во САД.

Реал Мадрид и Ал Хилал, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 1:1 во првиот натпревар во Х групата, на Светското клупско првенство.

Реал Мадрид освои само еден бод во својот прв натпревар под водство на новиот тренер Шаби Алонсо, кој со тоа стана само четвртиот тренер на тимот од Мадрид кој ремизирал во својот прв натпревар на клупата за овој клуб.

Повеќе од
оваа категорија

155 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

113 (9) ■ сцена > занимливости ■ 20-Jun 00:17 -> 20-Jun 16:00
.
.
.
.

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини

  • Алесандра Амброзио повторно го покажа своето беспрекорно тело, позирајќи во костим за капење

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини од apostolova15:50 - 20 јуни, 202514:37 - 20 јуни, 2025 Алесандра Амбросио објави заводливи фотографија во бикини и за кратко време ги освои социјалните мрежи.

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) позирајќи во костим за капење привлече внимание и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.Имено, манекенката позирала покрај базен во впечатливо розово минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата витка линија.

258 (5) ■ сцена > филм ■ 19-Jun 10:07 -> 21-Jun 08:45
.
.
.
.

Од 23 до 30 јуни недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

  • ▷ Недела на франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни, во Кинотеката на Северна Македонија.