Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.
Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.
Обвинетиот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала, призна вина.