1 (38) ■ вести > македонија > политика > војна ■ 13-Jun 07:49 -> 15-Jun 13:30
.
.
.
.

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран доколку им е потребна конзуларна помош

  • МНР апелира: Македонските државјани во Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи

  • Македонското МНР објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран

  • АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република С. Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Добивај вести на Viber Македонското Mинистерство за надворешни работи(МНР) објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран.

4 (24) ■ вести > свет ■ 13-Jun 20:00 -> 15-Jun 13:45
.
.
.
.

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

  • Пропадна новиот обид на Трамп да ја оспори пресудата за сексуален напад и клевета

  • Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град

Со силен и театарски настап, Доналд Трамп повторно го сврте вниманието кон себе – овој пат преку грандиозна воена парада во Вашингтон по повод 250 години од основањето на американската армија.

Поротата од Њујорк ѝ додели на Керол 5 милиони долари отштета во мај 2023 година, откако таа поднесе граѓанска тужба во која тврди дека Трамп сексуално ја нападнал во 1990-тите, а подоцна ја клеветил на социјалните мрежи, нарекувајќи го целиот случај измислица, објави Би-Би-Си. Трамп, кој сега има 78 години, ги негира сите обвинувања.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU). „Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

6 (9) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Jun 10:35 -> 15-Jun 13:45
.
.
.
.

Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на oсновно училиште во Богданци

  • Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје, соопштија од МВР.

7 (9) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 09:55 -> 15-Jun 13:15
.
.
.
.

Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид

  • Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, соопштија од министерството за транспорт.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, соопштија од министерството за транспорт.

10 (94) ■ вести > свет > политика > војна ■ 13-Jun 01:41 -> 15-Jun 12:32
.
.
.
.

Ирански министер: Ќе ја запреме одмаздата кога Израел ги запре нападите

  • Израел го нападна Иран - цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

  • Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

  • Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека Иран е подготвен да ги запре нападите врз Израел ако Тел Авив ја заврши својата офанзива против Техеран.

Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време.

Фото: ЕПА Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии.

Иран планира „силно да возврати“ на израелскиот напад започнат утринава врз нуклеарната програма на Иран, изјави ирански безбедносен извор.

11 (36) ■ вести > свет ■ 14-Jun 14:05 -> 15-Jun 14:08
.
.
.
.

Потрага по осомничен за двојно убиство во Минесота - награда од 50.000 долари

  • УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите и нејзиниот сопруг, во друго пукање ранет сенатор

  • Демократска конгресменка и нејзиниот сопруг убиени во САД, повредени се уште две лица

  • Пратеничка во Преставничкиот дом на Минесота е убиена во својот дом во политички мотивиран атентат

Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.

Минесота е во шок откако државната претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени рано наутро во саботата, во она што гувернерот Тим ​​Волц го нарече „политички мотивиран атентат“.Државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга исто така биле цел на напаѓачите и биле погодени неколку пати.

Американските власти потврдија дека демократската политичарка Мелиса Хортман е убиена, а нејзиниот сопруг е исто така смртно застрелан во пукотница во Минесота.

Пратеничка во Преставничкиот дом на Минесота е убиена во својот дом во политички мотивиран атентат 360степени | 14 јуни, 2025 18:19.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија