Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.
Фудбалскиот бисер на Барселона, Ламине Јамал, кој го прослави својот 18-ти роденден во неделата, неочекувано се најде во центарот на скандал бидејќи ангажирал луѓе со џуџест раст како забавувачи на неговата роденденска забава, објавија британските медиуми.
Ламин Јамал го прослави својот 18-ти роденден, а фотографиите кои ги објави го открија раскошот на приватната свеченост полна со филмски стил, луксуз и урбана вибрација.