Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, потврдено е од страна на сите инволвирани страни, објави попладнево Фабрицио Романо Информациите се дека повеќе нема никакви дилеми, Анчелоти го избрал и стручниот штаб со кој ќе работи, а сите документи се подготвени за потпис.
Давиде Анчелоти нема да го следи својот татко во Бразил, тој ќе почне самостојна кариера, а првиот предизвик би требало да му биде Глазгов Ренџерс.
Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид и ќе го замени Карло Анчелоти, кој наскоро и официјално ќе се збогува од кралскиот клуб и тоа најверојатно без трофеј во оваа 2025 годинa.
Карло Анчелоти официјално ќе стане селектор на националниот тим на Бразил на 26 мај, потврди фудбалската федерација на државата.