Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.
На Самитот премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.
Македонија испишува историја, се врти нова страница на меѓународната сцена и во билатералните односи со државите, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.